BMW X4 G02 Brooklyn Grey сива боја страничен кадар 2021
Потрошувачка на гориво, комбинирана8.9 l/100 km

THE X4

НОВИОТ BMW X4

Потрошувачка на гориво, комбинирана8.9 l/100 km
THE X4НОВИОТ BMW X4

BMW X4 xDrive30i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 8,5–7,9
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 193–171

BMW X4 M40i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 9,5–8,7
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 216–198

НАДВОРЕШНОСТ НА BMW X4.

BMW X4 G02 надворешност 2021

ДИЗАЈН НА ПРЕДЕН ДЕЛ НА BMW X4 СО НОВА ПОЛУКРУЖНА МАСКА.

BMW X4 G02 Brooklyn Grey сива боја крупен кадар на дизајн на преден дел 2021

Благодарение на потполно преосмислениот преден дел, BMW X4 има попрогресивна појава од кога и да е. Впечатливо аглестата полукружна рамка, редизајнираниот браник со вертикални отвори за воздух и целосно LED предни светла спуштени за 10 mm му даваат максимален степен на модерност и атлетизам од секој агол.

ДИЗАЈН НА ЗАДЕН ДЕЛ НА BMW X4 СО ЦЕЛОСНО LED ЗАДНИ СВЕТЛА.

BMW X4 G02 Brooklyn Grey сива боја крупен кадар дизајн на заден дел 2021

Задниот дел на BMW X4  испраќа сигнал за авторитет и спортско чувство. Целосно LED задните светла во нова форма гарантираат уште повпечатлива појава, додека широките, полни цевки за издувни гасови со слободна форма ја истакнуваат модерноста на прогресивното Sports Activity купе. Во комбинација со редизајнираната заштита на долната страна лоцирана меѓу цевките за издувни гасови, задниот дел на  BMW X4 јасно и моќно се соочува со патот.

АТРИБУТИ НА ДИЗАЈНОТ НА BMW X4 ВО ВНАТРЕШНОСТА.

BMW X4 G02 внатрешност Tacora кожа во црвена боја 2021
BMW X4 G02 BMW Live Cockpit Professional 2021

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со функција на навигација вклучува два висококвалитетни екрана составени од 12,3-инчен контролен екран што може да се управува со допир и целосно дигитален 12,3-инчен инструмент екран. BMW Operating System 7 може да се управува и преку iDrive контролата на допир.
BMW X4 G02 спортски седишта за возачот и совозачот 2021

Спортски седишта за возачот и совозачот.

Приспособливите спортски седишта за возачот и совозачот вклучуваат бројни опции за рачно приспособување, вклучително и позицијата на седиштето, како и аголот на седиштето и потпирачот за грб. Дополнително за возачот: приспособување на широчината на потпирачот за грб.
BMW X4 G02 галванска декорација за контролната табла 2021

Галванска декорација за контролната табла.

Опционалните, ексклузивни галвански декорации за контролните елементи за управување со прозорците, мултифункционалните копчиња на воланот, контролната табла на вратата и копчето за заклучување врата создаваат впечаток на висок квалитет.

ДИНАМИКА НА BMW M40i И BMW M40d: ДОЖИВЕЈТЕ ЈА СЕГА.

BMW M40i и BMW M40d водат до ново ниво на динамика на возење и перформанси. Доживејте го прогресивното Sports Activity купе со интелигентен BMW xDrive погон на сите четири тркала. 

Дознајте повеќе
BMW X4 G02 2021

КОМПОНЕНТИ НА ПОГОНСКИ СКЛОП И ШАСИЈА НА BMW X4.

BMW X4 G02 TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор 2021

TwinPower Turbo мотори.

И двете верзии, бензин и дизел, на TwinPower Turbo 2.0-литарскиот 4-цилиндричен мотор пружаат максимално задоволство при возењето. Тие се издвојуваат благодарение на нивнниот енергичен развој на моќноста и спонтаната реакција, дури и при ниски вртежи.
BMW X4 G02 BMW xDrive 2021

BMW xDrive.

Интелигентниот BMW xDrive погонски систем на сите четири тркала рамномерно и променливо ја распределува погонската сила на предните и задните тркала за дополнително прилепување, динамика на возење и безбедност во секоја возачка ситуација.
BMW X4 G02 променлив спортски управувач 2021

Променлив спортски управувач.

Променливиот спортски управувач со Servotronic создава директен и агилен одговор на управувањето и гарантира дека е потребен помал физички напор за да се сврти воланот. Ова го подобрува управувањето кога се вози подинамично и го намалува напорот што е потребен за управување при паркирање и свртување.
BMW X4 G02 Steptronic Sport трансмисија 2021

Steptronic Sport трансмисија.

8-брзинската Steptronic Sport трансмисија нуди неверојатно спортско менување брзини. Без оглед дали автоматски или рачно со користење на менувачот или педалите за менување брзини – за удобно лесно возење или неверојатно динамично возење.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW X4.

Со BMW X4, задоволството при возењето е гарантирано. Оригиналните BMW додатоци постојат за да ги исполнат вашите специјални желби. Нудиме широк избор на индивидуални додатоци и дополнувања што совршено одговараат на BMW X4 во квалитет, дизајн и перформанси и ви нудат максимална додадена вредност - што и да посакате.
BMW X4 G02 оригинални BMW додатоци Brooklyn Grey сива боја тричетвртински заден кадар во возење 2021
BMW X4 G02 2021 20-инчно BMW тркало од лесна легура со Y краци 695 црна мат

20-инчно BMW тркало од лесна легура со Y-краци 695 црна мат, комплет летни гуми.

20-инчно BMW тркало од лесна легура со Y-краци 695 црна мат. Комплет летни гуми со монитор за притисок на гума и ранфлет гуми.
BMW X4 G02 BMW WaterBlade 2021

BMW WaterBlade.

BMW WaterBlade е бришач за ветробранско стакло со иновативна технологија на бришење – за значително поефикасни перформанси при чистењето.
BMW X4 G02 2021 BMW багажник за покрив 420 црн/титаниум сребрен

BMW багажник за покрив 420 црн/титаниум сребрен.

Црн/титаниум сребрен багажник за покрив што се заклучува, достапен од двете страни со капацитет од 420 литри, компатибилен со сите BMW системи за покривни држачи.
BMW X4 G02 2021 BMW Патосници за секакви временски услови предни.

BMW Патосници за секакви временски услови предни.

Совршено вградените BMW патосници за секакви временски услови го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Тие се црни со X4 шрифт од нерѓосувачки челик.
BMW X4 G02 BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0 2021

BMW заден носач за велосипеди Pro. 2.0.

Лесен, стабилен BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0 за два велосипеда/е-велосипеда. Максимална носивост од 60 kg, може компактно да се спакува.
BMW X4 G02 BMW Advanced Car Eye 2 2021

BMW Advanced Car Eye 2.

Во случај на нарушувања, високосензитивната full-HD камера автоматски ја снима ситуацијата пред и зад автомобилот.
BMW X4 G02 Driving Assistant Professional 2021

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и безбедност во критични или монотони ситуации во сообраќајот. Освен содржината на асистентот при возење, вклучува и асистент за управување и контрола на лента со проширени функции.

BMW M PERFORMANCE ДЕЛОВИ ЗА BMW X4.

BMW X4 самоуверено се издвојува од толпата со својот впечатлив дизајн: со висококвалитетните додатоци од BMW M Performance делови, можете да го истакнете спортскиот карактер на ова посебно Sports Activity купе.
BMW X4 G02 M Performance полукружна маска од јаглеродни влакна 2021

M Performance полукружна маска од јаглеродни влакна.

Покажете го вашиот стил: рамката на M Performance предната маска е направена од првокласни јаглеродни влакна. За особено елегантен, спортски и индивидуален изглед.
BMW X4 G02 M Performance надворешно куќиште за ретровизор од јаглеродни влакна 2021

M Performance надворешно куќиште за ретровизор од јаглеродни влакна.

Впечатливите M надворешни куќишта за ретровизор од јаглеродни влакна го нагласуваат високотехнолошкиот карактер на возилото, додавајќи му индивидуална атлетска нишка.
BMW X4 G02 21-инчно M Performance ковано тркало со Y-краци 701 M Bicolor (црна мат боја со брусен сјај) 2021

21-инчно M Performance ковано тркало со Y-краци 701 M Bicolor (Јetblack, брусен сјај).

21-инчно M Performance ковани тркала со Y-краци 701 M Bicolor Jetblack мат боја со стружен сјај. Во комплет со летни тркала со монитор за притисок на гуми и ранфлет гуми.
BMW X4 G02 M Performance волан 2021

M Performance волан.

Со впечатливиот облик и специфичниот простор за стисок обвиен во Alcantara кожа, M Performance воланот гарантира непогрешлива тркачка атмосфера во кабината.
BMW X4 G02 M Performance патосница 2021

M Performance патосница.

Првокласен изглед, извонреден допир: M Performance патосниците му даваат индивидуално атлетско чувство на просторот за нозе, давајќи му на целото возило подинамичен изглед.
BMW X4 G02 M Performance навлака за антена од арамидни влакна 2021

M Performance навлака за антена од арамидни влакна.

Визуелен и функционален акцент на покривот на возилото: M Performance арамидна навлака за антена.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW X4.

Моќност на моторот во kW (кс) на 1/min: 

265 (360)/5.200–6.500

Забрзување 0–100 km/h во s: 

4,9

Потрошувачка на гориво комбинирано во l/100 km: 

9,5-8,7

CO2 комбинирани емисии во g/km: 

216-198

BMW X4 G02 приказ на технички податоци 2021
Including of /content/bmw/marketB4R1/master/en_BQ/publicPools/teaser-pool/medium-teasers/tyre-energy-lables/jcr:content/par-4col/wideteaser_67 failed

BMW КАТАЛОГ АПЛИКАЦИЈА: СИТЕ BMW МОДЕЛИ И НИВНИТЕ ДЕТАЛИ.

BMW X4 G02 каталог апликација 2021.

Откријте ги сите BMW модели и нивните атрибути со BMW каталог апликацијата.

СЕРВИС И ПОДДРШКА ЗА BMW X4.

BMW X4 G02 клиент на Сервис и поддршка и BMW консултант 2021

ДАЛИ БИ САКАЛЕ ЛИЧНА КОНСУЛТАЦИЈА?

Ако имате прашања, ви требаат дополнителни информации или би сакале конкретни понуди за BMW X4, ве молиме контактирајте партнер на BMW близу вас. Нашите компетентни вработени во BMW со задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или во салонот.

BMW SERVICE INCLUSIVE ЗА BMW X4.

BMW вработен во BMW Сервис се ракува со клиентот

#whateverhappens. Безгрижно патување во секој поглед: овој пакет ви нуди 100% транспарентност и практичност при планирањето за време на опцијата што ќе ја одберете – временски период или километража.

Содржина на сервисниот пакет:

• Сервисирање на моторно масло
• Редовен сервис на возилото во согласност со препораките на BMW
• Сервисирање на воздушните филтри
• Сервисирање на филтерот за гориво (за дизел мотори)
• Сервисирање на микрофилтер
• Сервисирање на свеќички (за бензински мотори)
• Сервисирање на течност за сопирачки

Fuel consumption and CO2 emissions of the BMW X4.

BMW X4 xDrive30i:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 8.5–7.9
CO2 emissions in g/km (combined): 193–171

BMW X4 M40i:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 9.5–8.7
CO2 emissions in g/km (combined): 216–198


Official figures for fuel consumption, CO2 emissions, electricity consumption and electric range were determined in accordance with the prescribed measurement procedure and comply with Regulation (EU) 715/2007 as amended. WLTP figures take into account any optional equipment in the case of ranges. For vehicles newly type-approved since 01.01.2021, the official specifications exist only according to WLTP. Further information on the NEDC and WLTP measurement methods can be found at www.bmw.de/wltp

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии на BMW X4.

  • BMW X4 xDrive30i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 8,5–7,9
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 193–171

    BMW X4 M40i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 9,5–8,7
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 216–198

    Податоците за потрошувачката на гориво, СО2 емисиите и потрошувачката на енергија се пресметани во согласност со Европската Регулатива (EC) 715/2007 во важечката верзија во времето на одобрување на моделот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а опсегот ги зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркала и гуми што се достапни за избраниот модел.

    Податоците за СО2 ефикасноста се утврдуваат во согласност со Директивата 1999/94/ЕC и важечката верзија на европската регулатива. Прикажаните вредности се базираат врз потрошувачката на гориво, вредностите на CO2 и потрошувачката на енергија според NEDC циклусот за класификацијата.

    Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, СО2 емисии и потрошувачка на енергија кај нови патнички возила“, кој е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html