ВЕРЗИИ НА МОДЕЛИ.

Модели и избор на опрема за BMW Z4 Roadster.

BMW Z4 Модел Sport Line

Моделот Sport Line импресионира со својот динамичен изглед. Впечатливите детали на надворешноста и внатрешноста во црн висок сјај и брусен алуминиум го истакнуваат неговиот спортски карактер. Карактеристиките како што се M Sport седиштата за возачот и совозачот во Vernasca црна кожа и двозонското автоматско климатизирање ја зголемуваат удобноста.

 

Прикажете ги деталите на линијата
Силуета на BMW Z4 Roadster модел Sport Line

Моделот Sport Line импресионира со својот динамичен изглед. Впечатливите детали на надворешноста и внатрешноста во црн висок сјај и брусен алуминиум го истакнуваат неговиот спортски карактер. Карактеристиките како што се M Sport седиштата за возачот и совозачот во Vernasca црна кожа и двозонското автоматско климатизирање ја зголемуваат удобноста.

 

BMW Z4 Roadster модел Sport Line, предни седишта
BMW Z4 Roadster модел Sport Line, предни седишта
BMW Z4 Roadster модел Sport Line тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster модел Sport Line тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster модел Sport Line, волан и седиште на возачот
BMW Z4 Roadster модел Sport Line, волан и седиште на возачот
BMW Z4 Roadster модел Sport Line тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster модел Sport Line тричетвртински преден кадар
  • Надворешност

    • BMW полукружна маска во mesh дизајн во брусен алуминиум и хромирана рамка на маската во висок сјај

    • Преден браник со елементи со специфичен дизајн во црна боја со висок сјај

    • 18-инчни тркала од лесна легура со V краци во стил 770 во Bicolour Orbit сива со мешани гуми; достапни се и други тркала

    • Заден браник со завршеток во црна боја со висок сјај

    • Air Breather во висок црн сјај

    • BMW Individual Exterieur Line од брусен алуминиум

    • Park Distance Control (PDC) (Контрола за растојание при паркирање)

  • Внатрешност

    • Алуминиумски прагови на врати со „BMW“ ознака

    • M спостски седишта за возачот и совозачот во кожа 'Vernasca' со украсни шевови; достапен е и друг тапацир

    • Сигурносни појаси во црна боја со сиви рабови

    • Инструмент табла во Sensatec

    • Внатрешни декоративни ллајсни во црна боја со висок сјај

    • Систем за заштита при превртување во брусен алуминиум

    • Амбиентално светло

    • Моделот Sport Line вклучува опрема за моделAdvantage:

    • Внатрешен ретровизор со автоматска функција против заслепување

    • 2-зонски автомстски клима уред

    • Дефлектор за ветар

    • Систем со преграда за складирање

    • Пакет за багажник

BMW Z4 Модел M Sport

M Sport моделот му дава на возилото уште поспортско чувство. Освен изострениот изглед на надворешноста и внатрешноста, M Sport моделот гарантира зголемено задоволство при возењето. M Sport потпирањето, M Sport сопирачката и M аеродинамичниот пакет забележително ја оптимизираат динамиката на возење.

 

Прикажете ги деталите на линијата
Силуета на BMW Z4 Roadster модел M Sport

M Sport моделот му дава на возилото уште поспортско чувство. Освен изострениот изглед на надворешноста и внатрешноста, M Sport моделот гарантира зголемено задоволство при возењето. M Sport потпирањето, M Sport сопирачката и M аеродинамичниот пакет забележително ја оптимизираат динамиката на возење.

 

BMW Z4 Roadster модел M Sport, предни седишта
BMW Z4 Roadster модел M Sport, предни седишта
BMW Z4 Roadster модел M Sport, тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster модел M Sport, тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster модел M Sport, волан и место на возачот
BMW Z4 Roadster модел M Sport, волан и место на возачот
BMW Z4 Roadster модел M Sport, тричетвртински заден кадар
BMW Z4 Roadster модел M Sport, тричетвртински заден кадар
  • Надворешност

    • M аеродинамичен пакет со преден браник, странични прагови и заден браник во боја на каросерија со додаток на дифузерот во Dark Shadow металик

    • BMW полукружна маска во mesh дизајн во брусен алуминиум

    • Полукружна рамка и хромирани завршетоци на издувната цевка во висок сјај, алтернативно во црна боја со висок сјај

    • 18-инчни M тркала од лесна легура со двојни краци во 798 M стил во Bicolour Ferric сива боја со мешани гуми, алтернативно 19-инчни M тркала од лесна легура со двојни краци во 799 M стил во Bicolour Jet црна боја со мешани гуми; достапни се и други тркала

    • M Sport сопирачка

    • M Sport потпирање, алтернативно стандардно потпирање или адаптивно M потпирање

    • M ознака на панелот на предната страна, лево и десно

    • Лајсни за цевката за издувни гасови во хром со висок сјај, алтернативно во црна боја со висок сјај

    • BMW Individual Shadow Line со висок сјај, алтернативно BMW Individual Exterior Line во брусен алуминиум

    • M боја на каросерија во Misano Blue металик или BMW Individual Frozen Grey металик; достапни се и други би

    • Park Distance Control (PDC) (Контрола за растојание при паркирање)

  • Внатрешност

    • M завршетоци на праговите на вратите, M ексклузивни подни прекривки, M педали и M потпирачи за нозе

    • M седишта за возачот и совозачот во комбинација на „Vernasca“/Alcantara црна кожа со контрастни шевови во прекривки сина боја; достапен е и друг тапацир

    • M волан од кожа

    • Клуч за возилото со M-специфична ознака

    • Sensatec инструмент табла со ексклузивни сини шевови

    • M ексклузивни Внатрешни декоративни алуминиумски лајсни Tetragon, достапни се и други лајсни

    • Круз контрол со функција на кочење,алтернативно Актив круз контрол со Stop&Go функција

    • Амбиентално светло

    • Пакет светла

    • Моделот M Sport вклучува опрема за модел Advantage:

    • Внатрешен ретровизор со автоматска функција против заслепување

    • 2-зонски автоматски клима уред

    • Дефлектор за ветар

    • Систем со преграда за складирање

    • Пакет за багажник

BMW Z4 M40i

BMW Z4 M40i е најспортскиот модел од BMW Серија Z4. Неговиот дизајн ги комбинира елегантноста на roadster со атлетицизмот на M автомобил. Меѓу карактеристиките што се одговорни за овој особено спортски изглед се големите 19-инчни тркала. Во внатрешноста, висококвалитетната Vernasca кожа и алуминиумските декоративни лајсни со mesh ефект уште повеќе го зголемуваат атлетскиот карактер. Моќниот M TwinPower Turbo 6-цилиндричен бензински мотор што развива 340 кс гарантира максимално пробивање и неограничено задоволство во возењето во секое време.

 

Прикажете ги деталите на линијата
Силуета на BMW Z4 Roadster M40i

BMW Z4 M40i е најспортскиот модел од BMW Серија Z4. Неговиот дизајн ги комбинира елегантноста на roadster со атлетицизмот на M автомобил. Меѓу карактеристиките што се одговорни за овој особено спортски изглед се големите 19-инчни тркала. Во внатрешноста, висококвалитетната Vernasca кожа и алуминиумските декоративни лајсни со mesh ефект уште повеќе го зголемуваат атлетскиот карактер. Моќниот M TwinPower Turbo 6-цилиндричен бензински мотор што развива 340 кс гарантира максимално пробивање и неограничено задоволство во возењето во секое време.

 

BMW Z4 Roadster M40i, предни седишта
BMW Z4 Roadster M40i, предни седишта
BMW Z4 Roadster M40i, тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster M40i, тричетвртински преден кадар
BMW Z4 Roadster M40i, волан и место на возачот
BMW Z4 Roadster M40i, волан и место на возачот
BMW Z4 Roadster M40i, тричетвртински заден кадар
BMW Z4 Roadster M40i, тричетвртински заден кадар
  • Надворешност

    • M аеродинамичен пакет со M специфичен преден браник, заден браник и странични прагови во боја на каросерија со додаток на дифузерот во Dark Shadow металик

    • BMW полукружна маска во mesh дизајн во металик Cerium сива боја и полукружна рамка во црна боја со висок сјај

    • Мек подвижен покрив во anthracite со silver ефект

    • Панели на системот за заштита при превртување во Cerium сива металик боја

    • Адаптивни LED предни светла

    • 19-инчни M тркала од лесна легура со двојни краци во 800 M стил во Bicolour Cerium сива мат боја со мешани гуми

    • BMW Individual Shadow Line со висок сјај со проширена содржина

    • Куќишта за ретровизорите во црна боја со висок сјај

  • Внатрешност

    • M завршетоци за праговите на вратите со „M40i“ шрифт

    • M Sports седишта за возачот и совозачот „Vernasca“ црна кожа со декоративни шевови

    • Приспособување на седишта, електрично, со меморија

    • Потпора за грбот за возачот и совозачот

    • M кожен волан

    • Алуминиумски завршетоци за лајсни Tetragon

    • Дигитален „M40i“ беџ во инструмент таблата

    • BMW Head-Up дисплеј

    • BMW Live Cockpit Professional

    • Harman Kardon сараунд систем

    • Телефонија со безжично полнење

    • Амбиентално осветлување

    • Пакет на осветлување

    • Автоматски клима уред

ДИЗАЈН.

Дизајн на надворешноста и внатрешноста на BMW Z4 Roadster.

И однатре и однадвор, дизајнот на BMW Z4 Roadster создава релаксирано спортско чувство и индивидуална естетика. Меѓу моќните карактеристики на динамичниот изглед се вбројуваат BMW полукружната маска во mesh дизајн, елегантниот покрив и елементите на BMW Individual Shadow Line. Внатрешноста го заокружува јасниот концепт за дизајнот со опционалната опрема како што се M Sport седиштата или амбиенталното осветлување.
BMW Z4 Roadster од птичја перспектива
  • Надворешност
  • Внатрешност
BMW Z4 Roadster со полукружна маска во mesh дизајн

BMW полукружна маска со mesh дизајн.

Mesh дизајнот на BMW полукружната маска што варира во зависност од моторот придонесува за динамичниот изглед. Основниот модел има црна mesh маска со висок сјај, Sport Line и M Sport пакетот се направени од матиран алуминиум, со хромирана рамка. BMW маската на врвниот модел M40i е целосно во Cerium сива боја.
BMW Z4 Roadster со Air Breather и предно тркало

Air Breather.

Заедно со air curtain во предниот браник, air breather поставен зад лаковите на предното тркало значително ја намалува турбуленцијата на воздухот во лаковите на тркалото и насоченото канализирање на протокот на воздух – со што се намалува аеродинамичниот отпор. Истовремено, го нагласуваат атлетскиот карактер на возилото како декоративен елемент.
BMW Z4 Roadster силуета со затворен мек подвижен покрив

Мек подвижен покрив

Црниот мек подвижен покрив хармонично се претопува во динамичните линии на возилото. Со притискање на едно копче, се отвора и затвора електрично за околу десет секунди, дури и кога се вози со брзина до 50 km/h. Едно од неверојатните својства на овој особено висококвалитетен мек подвижен покрив е неговата одлична звучна изолација.
BMW Z4 Roadster ретровизор со Individual Shadow Line во висок сјај

BMW Z4 Roadster Individual Shadow Line во висок сјај.

BMW Individual Shadow Line во висок сјај со проширена содржина вклучува детали на опремата во црно: рамка за маската и BMW маска во mesh дизајн во црна боја со висок сјај и цевка за издувни гасови во црн хром.
BMW Z4 Roadster завршетоци за цевка за издувни гасови во слободна форма

Цевки за издувни гасови во слободна форма.

Кружни хромирани цевки за издувни гасови со висок сјај десно и лево на задниот дел го зајакнуваат спортскиот изглед на возилото.
Кабина на BMW Z4 Roadster со амбиентално осветлување

Амбиентално осветлување

Амбиенталното осветлување создава релаксирана, пријатна осветлена атмосфера во внатрешноста. Има единаесет однапред дефинирани дизајни на осветлување во шест различни бои, со контури и амбиентално осветлување на инструмент таблата, лајсната на вратата и централната конзола.
Звучници во кабината на BMW Z4 Roadster

Harman Kardon сараунд систем.

Извонредниот Harman Kardon сараунд систем вклучува 408-ватен дигитален засилувач, седум канали и дванаесет звучници. Неговиот софистициран звук совршено го пополнува внатрешниот простор. Стабилизирањето во зависност од возилото прецизно надоместува за сите звуци што се слушаат во заднина при возење.
BMW Z4 Roadster M спортски седишта

M Sportsitze за возач и совозач.

М спортските седишта со интегрирани потпирачи за глава, длабоки седишта и високи потпори на седиштето и потпирачот за грб им нудат на возачот и совозачот подобра поткрепа, дури и при брзи вртења. Освен тоа, седиштето може да се приспособи на индивидуалните димензии на вашето тело благодарение на интегрираната потпора за грбот што се приспособува.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

Динамика на возење на BMW Z4 Roadster.

Дефиниран од спортскиот изглед и агилноста. BMW Z4 Roadster го демонстрира своето спортско потекло на патот. Благодарение на најновата технологија, иновативните компоненти на пренос и погон, постинува импресивни вредности на перформанси – и динамика на возење во посебна класа.
Заден дел на BMW Z4 Roadster, горен кадар

M sport диференцијал.

M sport диференцијалот го оптимизира прилепувањето и стабилноста на возење при менување на лентите и забрзување во кривина, кога се влегува во кривина при висока брзина или на различни површини на патот. Прилепувањето е оптимизирано со помош на електронски контролирано средство што ја намалува разликата во брзината на вртење меѓу задните тркала.
Крупен кадар на M Sport сопирачката

M Sport сопирачка.

M Sport сопирачката има неподвижни стеги со четири клипа на предниот дел една подвижна стега со еден клип на задниот дел во сина боја со M ознака и вклучува големи дискови за сопирачка за да се осигури извонреден перформанс на сопирање.
BMW Z4 Roadster адаптивно M потпирање

Адаптивно M потпирање.

Адаптивното M потпирање може електрично да се приспособи во секое време за да одговара на условите на патот и на возењето. Возачите исто така можат да ги приспособат карактеристиките на потпирање преку контролата за искуство на возење (Driving Experience Control) за да го изберат стилот на возење што го претпочитаат во тоа време – од удобен до максимално атлетски со впечатливо агилно управување.
BMW Z4 Roadster кадар одзади додека вози во планините

Променливо спортско управување.

Променливото спортско управување со Servotronic создава директна и агилна реакција и гарантира дека е потребен помал физички напор за да се сврти тркалото. Тоа реагира на аголот на воланот со различни соодноси на управување. Ова го подобрува ракувањето кога се вози подинамично и го намалува напорот што е потребен за да се управува при паркирање и вртење.
Steptronic Sport пренос: Крупен кадар на централната контрола

Steptronic Sport пренос.

Осумбрзинскиот Steptronic Sport пренос со Launch Control озозможува спортско менување брзини и автоматски и рачно преку селектор рачка или педали за менувње – за удобно лизгање или динамичен стил на возење. Во SPORT или SPORT+ режим и со менувачот на брзини во S/M позиција на левата рака, менувањето брзини е конфигурирано за максимални перформанси.
BMW TwinPower турбо 6-цилиндричен бензински мотор

BMW TwinPower турбо 6-цилиндричен бензински мотор.

Супериорна моќ, непречено работење и инспиративен звук го карактеризираат BMW TwinPower турбо 3.0 литарскиот линиски 6-цилиндричен бензински мотор од новата генерација на BMW EfficientDynamics семејството мотори. Со двоен-VANOS, Valvetronic, High-Precision Injection и TwinScroll турбополнач, создава 250 kW (340 КС) и има просечна комбинирана потрошувачка на гориво од само 7,4-7,1 литри на 100 km.

ПОМОШ ЗА ВОЗАЧОТ.

Интелигентните системи за помош при возење во BMW Z4 Roadster.

BMW Z4 Roadster му нуди на својот возач голем број интелигентни системи за помош. Од асистентот за паркирање преку личниот гласовен асистент, иновативните технологии ги зголемуваат удобноста и безбедноста во текот на патувањето. Истовремено, тие овозможуваат делумно автономно возење, во зависност од ситуацијата.
Поглед низ ветробранското стакло во внатрешноста на BMW Z4 Roadster

Driving Assistant.

Безбедносниот пакет Driving Assistant вклучува системи со камери за предупредување за контрола на приближување и предупредување за личност со целосна функција за прикочување во град, Speed Limit Assist вклучувајќи и Speed Limit Info со индикатор за забрането претекнување и преглед и предупредување за отстапување од лентата. Дополнително, опремата заснована врз радар вклучува предупредување за вкрстување во сообраќај од задната страна, предупредување за промена на лента и предупредување за заден удар.
Parking Assistant на контролниот дисплеј на BMW Z4 Roadster

Parking Assistant.

Parking Assistant го олеснува паркирањето на возилото. Камерата на задниот дел овозможува јасен поглед зад автомобилот. Parking Assistant автоматски го паркира возилото, паралелно на улицата. Помошникот за враќање назад ви дава поддршка кога го враќате возилото назад, т.е. во тесни ленти.
Волан на BMW Z4 Roadster со копчиња

Активен круз контрол со Stop&Go функција

Активниот круз-контрол со Stop&Go функција одржува однапред определено растојание од автомобилот што е пред вас, вклучувајќи го и застанувањето и повторното тргнување во сообраќај. Speed Limit Assist дозволува преземање на ограничувањето на брзината при круз-контрол. Предупредувањето за контрола при доближување со функција на прикочување реагира на неподвижни возила, пешаци и велосипедисти.
BMW Z4 Roadster со волан, Head-Up дисплеј и контролен дисплеј

BMW Head-Up дисплеј.

BMW Head-Up дисплејот во боја прикажува информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот, со што му овозможува целосно да се фокусира на возењето. Прикажани се информации како што се моменталната брзина, насоките за навигација, Speed Limit Info со индикатор за забрането претекнување, информации поврзани со телефон и забава.

ПОВРЗУВАЊЕ.

Технологии на поврзување и дигитални услуги во BMW Z4 Roadster.

Иновативните технологии на поврзување на BMW Z4 Roadster беспрекорно ги поврзуваат возачите со нивниот свет. Истовремено, паметните опции на опремата како внимателно разработениот оперативен концепт со контрола на допир и гласовна контрола, заедно со Digital Key гарантираат модерна удобност.
Поглед во кабината на BMW Z4 Roadster

WiFi хотспот.

Учествувајте во видео конференциски повици на вашиот таблет или гледајте ја последната епизода од вашата омилена серија на вашиот паметен телефон. Wi-Fi хотспот ви овозможува да бидете онлајн со LTE брзина (доколку е достапна) користејќи ја SIM картичката инсталирана во вашето возило. Вие и вашите сопатници може да пребарувате на интернет на максимум десет уреди.
Контролен дисплеј на BMW Z4 Roadster со WiFi хотспот

Оперативен концепт.

Иновативниот оперативен концепт на BMW оперативниот систем 7.0 овозможува уште полесно работење на функциите на возилото преку говор, екран на допир и iDrive контрола – сосема интуитивно. За оваа цел, надградена е функционалноста на контролорот. На пример, сите дигитални услуги како што се апликациите сега можат директно да се изберат.
Кадар во голем формат од кваката на страната на возачот на BMW Z4 Roadster

Comfort access систем.

Comfort access системот дозволува пристап до возилото без клуч преку вратите кај возачот и совозачот и стартување на возилото со притискање копче додека клучот останува во џеб. Освен тоа, дигиталниот клуч (Digital Key) може да се употреби на вашиот паметен телефон за пристапување до возилото и негово стартување.
BMW Z4 Roadster со BMW Live кабина

BMW Live кабина.

Освен дигиталниот дисплеј од 5,7 инчи во инструмент кластерот, BMW Live кабината вклучува и дисплеј со информации со висока резолуција и 8,8-инчен екран во боја и функција за допир. Две дополнителни USB порти, Bluetooth интерфејс, FM радио и функцијата за емитување аудио исто така се вклучени во пакетот опрема.
Поглед од птичја перспектива на сив BMW Z4 Roadster во движење

BMW Z4 ROADSTER M40i.

Инспириран од мотоспортот.

BMW Z4 ROADSTER M40i.

Инспириран од мотоспортот.

  • Пренос
    • BMW Z4 M40i е придвижуван од трилитарски линиски 6-цилиндричен бензински мотор со BMW TwinPower Turbo технологија. Со моќност од 250 kW (340 КС) и максимален вртежен момент од 500 Nm, M Performance моделот има осонебо спортски возечки перформанси. Забрзува од 0 до 100 km/h за само 4.5 секунди. M Sport систем за издувни гасови, со механизам на капак.
    • M sport диференцијал
    • Steptronic спортски пренос
  • Шасија/Погон
    • Адаптивно M потпирање
    • Променливо спортско управување
    • M Sport сопирачка со сини обоени стеги со M ознака
    • 18" M тркала од лесна легура со двојни краци во стил 798 M Bicolour Orbit сива со мешани гуми, достапни се и други тркала
       
  • Надворешност
    • M аеродинамичен пакет со аеродинамични компоненти во боја на каросерија, составен од лајсни за преден и заден браник како и странични прагови, додаток на лајсната за задниот браник во Dark Shadow металик боја
    • BMW поликружна маска во Mesh-дизајн во Cerium сива боја
    • BMW Individual Shadow Line со висок сјај
    • M ознака на страните во Cerium сива боја
    • Куќишта за надворешни ретровизори во Cerium сива боја, алтернативно, во боја на каросерија
    • Лајсни за цевката за издувни гасови во Cerium сива боја
    • Ексклузивна Misano сина металик боја или BMW Individual Frozen сива металик, достапни се и други бои
  • Внатрешност
    • M завршетоци на праговите на вратите, подни прекривки со ексклузивна M ознака, M педали и M потпирачи за нозе
    • Спортски седишта за возачот и совозачот во кожа 'Vernasca'/Alcantara комбинација со контрастни шевови во сина боја, достапен е и друг тапацир
    • M волан од кожа со рачки за менување брзини 
    • Клуч за автомобилот со ексклузивна M ознака
    • Внатрешни декоративни лајсни во Aluminium Tetragon, достапни се и други лајсни
    • Клуч за автомобилот со ексклузивна M ознака
    • Sensatec инструмент табла

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ.

Тежина
Тежина без товар ЕУ во кг
1480
Максимално дозволена тежина во кг
1740
Дозволено оптоварување во кг
335
Дозволено оптоварување на предната и задната оска во кг.
830/935
Капацитет на багаж во л
281
Оптоварување на приколка 8% (забавување) во кг
-
Мотор
Цилиндари/вентили
4/4
Капацитет во ccm
1998
Клип/цилиндар во mm
94,6/82,0
Максимална излезна снага во kW (hp) на 1/мин
145 (197)/4.500-6.500
Максимален број вртежи во Nm на 1/мин
320/1.450-4.200
Размер на компресија:1
10,2
Перформанси
Најголема брзина во км/час
240
Забрзување од 0-100 км/час во сек
6.6
Потрошувачка на гориво
Градско возење во л/100км
7,4-7,3
Возење надвор од град во л/100км
5,4-5,0
Комбинирано возење во л/100км
6,1-5,8
Комбинирани емисии на СО2 во гр/км
139-133
Комбинирана потрошувачка на електрична енергија во kWh / 100km
-
Капацитет на резервоарот, приближно во л
52
Тркала
Димензии на предните тркала
225/50 R17 98 Y XL
Димензии на задните тркала
255/45 R17 98 Y
Димензии и материјал на предните тркала
7,5 Ј х 17 инчи, лесна легура
Димензии и материјал на задните тркала
8,5 Ј х 17 инчи, лесна легура
Тежина
Тежина без товар ЕУ во кг
1490
Максимално дозволена тежина во кг
1740
Дозволено оптоварување во кг
325
Дозволено оптоварување на предната и задната оска во кг.
830/935
Капацитет на багаж во л
281
Оптоварување на приколка 8% (забавување) во кг
-
Мотор
Цилиндари/вентили
4/4
Капацитет во ccm
1998
Клип/цилиндар во mm
94,6/82,0
Максимална излезна снага во kW (hp) на 1/мин
190 (258)/5.000-6.500
Максимален број вртежи во Nm на 1/мин
400/1.550-4.400
Размер на компресија:1
10,2
Перформанси
Најголема брзина во км/час
250
Забрзување од 0-100 км/час во сек
5.4
Потрошувачка на гориво
Градско возење во л/100км
7,4
Возење надвор од град во л/100км
5,3-4,9
Комбинирано возење во л/100км
6,1-5,8
Комбинирани емисии на СО2 во гр/км
139-133
Комбинирана потрошувачка на електрична енергија во kWh / 100km
-
Капацитет на резервоарот, приближно во л
52
Тркала
Димензии на предните тркала
225/50 R17 98 Y XL
Димензии на задните тркала
255/45 R17 98 Y
Димензии и материјал на предните тркала
7,5 Ј х 17 инчи, лесна легура
Димензии и материјал на задните тркала
8,5 Ј х инчи, лесна легура
Тежина
Тежина без товар ЕУ во кг
1610
Максимално дозволена тежина во кг
1860
Дозволено оптоварување во кг
325
Дозволено оптоварување на предната и задната оска во кг.
865/995
Капацитет на багаж во л
281
Оптоварување на приколка 8% (забавување) во кг
-
Мотор
Цилиндари/вентили
6/4
Капацитет во ccm
2998
Клип/цилиндар во mm
94,6/82,0
Максимална излезна снага во kW (hp) на 1/мин
250 (340)/5.000-6.500
Максимален број вртежи во Nm на 1/мин
500/1.600-4.500
Размер на компресија:1
11,0
Перформанси
Најголема брзина во км/час
250
Забрзување од 0-100 км/час во сек
4.5
Потрошувачка на гориво
Градско возење во л/100км
9,2
Возење надвор од град во л/100км
6,3-5,9
Комбинирано возење во л/100км
7,4-7,1
Комбинирани емисии на СО2 во гр/км
168-162
Комбинирана потрошувачка на електрична енергија во kWh / 100km
-
Капацитет на резервоарот, приближно во л
52
Тркала
Димензии на предните тркала
255/40 ZR18 95 Y
Димензии на задните тркала
275/40 ZR18 99 Y
Димензии и материјал на предните тркала
9 Ј х 18 инчи, лесна легура
Димензии и материјал на задните тркала
10 Ј х 18 инчи, лесна легура

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • BMW Z4 Roadster sDrive20i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,1–5,8
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 139–133

    BMW Z4 Roadster sDrive30i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,1–5,8
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 139–133

    BMW Z4 Roadster M40i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 7,4–7,1
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 168–162

    Илустрациите прикажуваат опционална опрема.

    Информациите за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и опсегот што е прикажан ја зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни за избраниот модел.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичната емисија на CO2 на новите патнички автомобили може да се добијат од „Прирачникот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на енергија на нови патнички автомобили“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Остфилдерн, Германија и на https://www.dat.de/co2.

    Вредностите се темелат врз новиот WLTP пропис и повторно се претворени во NEDC еквивалентни вредности за да се обезбеди споредба на возилата. Во однос на тие возила, за даноците поврзани со возилата или другите давачки базирани (меѓу другото) на CO2 емисиите, вредностите на CO2 може да се разликуваат од вредностите наведени овде.