Кога покривот ќе се отвори, веќе не постојат граници на задоволството во возењето во новиот BMW Z4. Roadster што е најдобар што може да биде: отворен, спортски и без компромиси. Со моќна динамика на возење и прогресивен дизајн, има само една цел: слободата меѓу патот и отвореното небо.
BMW Z4 Roadster M40i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 7,4–7,1
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 168–162
ГО ОТКРИВА ЗАДОВОЛСТВОТО ВО ВОЗЕЊЕТО.
BMW Z4 Roadster и неговите најважни делови.

ГО РАЗГОРУВА ЕНТУЗИЈАЗМОТ.

ОТКРИВА ЕСТЕТИКА.

ГОСПОДАРИ СО СВЕТЛОСТА.

СПОЈУВА ГЕНЕРАЦИИ.

ОТВОРА МОЖНОСТИ.

ГО РАЗГОРУВА ЕНТУЗИЈАЗМОТ.
Надворешен дизајн на BMW Z4 Roadster.
Главна улога на секој пат: San Francisco металик црвената боја со нејзиниот смел карактер ја гарантира спектакуларната појава на BMW Z4 Roadster, додека динамичната игра на јасно повлечените линии истовремено ја нагласува неговата мускулеста силуета.

ОТКРИВА ЕСТЕТИКА.
Внатрешен дизајн на BMW Z4 Roadster.
Стилски аранжман: внатрешноста на BMW Z4 Roadster е дефинирана од неговиот јасен дизајн и промислената употреба на избрани декоративни карактеристики. резултатот е модерен суперлативен квалитет и пријатно отворен амбиент.

ГОСПОДАРИ СО СВЕТЛОСТА.
Концептот на осветлување на BMW Z4 Roadster.
Со новиот дизајн на осветлување, BMW Z4 Roadster е во центарот. Целосната LED технологија со висока прецизност се спојува со пуристичкиот јазик на дизајн што за првпат употребува вертикални цевки за дневни светла и долги светла. Спортска естетика во нова интерпретација.

СПОЈУВА ГЕНЕРАЦИИ.
BMW Z4 Roadster: наследник на легендарниот BMW 507.
Две генерации, две ремек-дела: BMW Z4 Roadster ја продолжува приказната на автомобилската икона: имено, онаа на BMW 507. До денешен ден, тој останува еден од најбараните спортски автомобили во светот. Што ги обединува двата? Чистото нефилтрирано задоволство во возењето.


340 КС
За 4,5 секунди полни со адреналин, 340 кс на M TwinPower Turbo 6-цилиндричен бензински мотор го забрзуваат BMW Z4 Roadster од 0 до 100 km/h. Нема поспортски начин за да се постигне тоа чувство на совршена слобода.

ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА АМБИЦИЈА.
Динамика на возење на BMW Z4 Roadster.

ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА АМБИЦИЈА.
Динамика на возење на BMW Z4 Roadster.


ПЕРФОРМАНС.

ПЕРФОРМАНС.


УПРАВУВАЊЕ.

УПРАВУВАЊЕ.


МЕК ПОДВИЖЕН ПОКРИВ.

МЕК ПОДВИЖЕН ПОКРИВ.

ОТКРИЈТЕ ГО ВАШИОТ СТИЛ.
Дизајнот на BMW Z4 Roadster.














Јос ван Ас, Раководител на примена на динамика на возење"Концептот за возило за Z4 постојано е насочуван кон агилност и динамика на возење."

РАСПУШТЕТЕ ЈА ВАШАТА СЛОБОДА.
Мек подвижен покрив на BMW Z4 Roadster.
РАСПУШТЕТЕ ЈА ВАШАТА СЛОБОДА.
Мек подвижен покрив на BMW Z4 Roadster.
10 сек.
Толку му е потребно на елегантниот мек подвижен покрив на BMW Z4 Roadster за да се отвори и затвори – и тоа при возење со максимална брзина до 50 km/h. За возбудливи искуства на отворено.
СПУШТЕТЕ ГИ СВОИТЕ ГРАНИЦИ.
BMW Z4 Roadster M40i.





БРГУ СЕ ОТВОРА.
Anthracite мек подвижен покрив со Silver ефект.

МОЌНО ДРЖЕЊЕ.
19-инчни тркала од лесна легура во 800 М стил со двојни краци.

СМЕЛ ПРИКАЗ.
Завршеток на цевка за издувни гасови со слободна форма.

СПОРТСКИ И СПУШТЕН.
Roadster силуета на BMW Z4.
ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ.
BMW Z4 M40i First Edition.
Оставете ја конвенционалноста зад себе и искусете уникатна слобода: ова е тоа што совршено го одразува BMW Z4 First Edition од почеток до крај. Ексклузивната Frozen Orange металик боја ги истакнува мускулестите површини со импресивно прецизен јазик на дизајнот. А ова извлекува ново ниво на експресивна моќ од класичните гени на roadster-от. BMW Z4 First Edition – чест за индивидуалното чисто задоволство во возењето.

Спектакуларен.
BMW Z4 First Edition истовремено е атлетски и самоуверен. Хексагоналните Bi-LED предни светла со цевки подредени вертикално за првпат се поставени флуидно на страната, отворајќи го погледот кон центарот: рамната, ниска BMW полукружна масака со mesh-дизајн. Заедно со M специфичните влезни отвори за воздух, ова му дава дополнителна широчина на изгледот на предниот дел. Ексклузивен спортски сјај наменет за патот.

Импресивен.
Гледан одзади, BMW Z4 First Edition зрачи со чист динамизам. Карактеристичниот заден спојлер елегантно се издвојува од површината додека страничните линии на дизајнот што совршено се вклопуваат ги оцртуваат тенките LED задни светла. Моќен заклучок: задниот браник на M аеродинамичниот пакет што се комбинира со дифузерот и цевките за издувни гасови и зрачи со посебно присуство и спортски сјај.

Естетски.
Вака изгледа задоволството при возење на отворено: долгата хауба, класичниот мек покрив и краткото растојание на препустите ја дефинираат карактеристичната roadster силуета на BMW Z4 First Edition. Спортскиот профил е нагласен со минималистичкиот дизајн со светли и темни површини од предниот до задниот дел. Динамична форма што кулминира во моќната линија на рамената.
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.
-
BMW Z4 Roadster sDrive20i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,1–5,8
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 139–133BMW Z4 Roadster sDrive30i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 6,1–5,8
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 139–133BMW Z4 Roadster M40i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 7,4–7,1
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 168–162Илустрациите прикажуваат опционална опрема.
Информациите за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и опсегот што е прикажан ја зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни за избраниот модел.
Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичната емисија на CO2 на новите патнички автомобили може да се добијат од „Прирачникот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на енергија на нови патнички автомобили“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Остфилдерн, Германија и на https://www.dat.de/co2.
Вредностите се темелат врз новиот WLTP пропис и повторно се претворени во NEDC еквивалентни вредности за да се обезбеди споредба на возилата. Во однос на тие возила, за даноците поврзани со возилата или другите давачки базирани (меѓу другото) на CO2 емисиите, вредностите на CO2 може да се разликуваат од вредностите наведени овде.