Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Благодарение на багжникот со капацитет до 500 литри, BMW Серија 3 Touring ги спојува флексибилноста и секојдневната практичност на BMW Touring со интелигентни технологии и сеопфатна поврзаност при високо ниво на возна динамика:
- Иновативно управување преку модерни технологии како што е Intelligent Personal Assistant
- Асистент за возење наназад (Reversing Assistant) и други интелигентни системи за помош на возачот за оптимална удобност при возењето во секоја ситуација
- Кабина ориентирана кон возачот и иновативен BMW Curved Display со оперативен концепт на допир
BMW 330e sDrive Touring:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (ккомбинирано): 1,9–1,4
CO2 емисии во г/км (ккомбинирано): 42–31
ОДБРАНИ КОНФИГУРАЦИИ ЗА НОВИОТ BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
Многубројните иновативни технологии во BMW Серија 3 Touring овозможуваат интелигентно поврзување меѓу вас, вашето возило и вашата околина:
- BMW Curved Display овозможува целосен преглед на сите важни информации и практична контрола преку допир
- Неограничена поврзаност преку интеграција на паметниот телефон, што ви овозможува лесно да ги испланирате рутите на вашиот паметен телефон и потоа да ги префрлите во вашето возило
- Искусете го интуитивното управување со помош на гласовни команди
BMW Curved Display.
Речиси сите функции на возилото можат да се контролираат преку големиот BMW Curved Display. Свртен кон возачот и опремен со интуитивни алатки, го прави управувањето преку допир уште попрактично.
BMW Head-Up Display.
BMW Head-Up Display во боја ги прикажува сите информации важни за патувањето директно во видното поле на возачот.
REVERSING ASSISTANT (АСИСТЕНТ ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД).
Reversing Assistant (Асистентот за возење наназад) самоуверено маневрира со возилото и во предизвикувачки ситуации:
- Reversing Assistant ги помни движењата на управувачот во последните 50 поминати метри
- Со притискање на копче, возилото автоматски се враќа точно по претходно поминатата рута
- Ова значи дека дури и предизвикувачки ситуации, како што се тесни патишта, слепи улици или тесни места за паркирање воопшто не претставуваат проблем
ДИЗАЈН НА НАДВОРЕШНОСТА НА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
Дизајн на преден дел.
Со нивната поставеност како превртена L на предниот дел, тесните LED предни светла создаваат особено динамична појава. Во комбинација со широката бубрежна маска со двојни решетки, големите хексагонални отвори за воздух и вертикалните Air Curtains тие се во основата на динамичниот ефект на широчина што го создава BMW Серија 3 Touring.
Страничен дизајн.
Легендарните елементи на дизајнот како што се долгото меѓуоскино растојание, кратките препусти и динамичниот Хофмајстеров завој се одговорни за особено атлетскиот изглед на BMW Серија 3 Touring погледнат отстрана. Аголот на отворите за воздух и предниот и задниот браник динамично го прифаќат и продолжуваат типичниот карактер на работ зад предното тркало.
Дизајн на заден дел.
Стилската јасност го дефинира задниот поглед на новиот BMW Серија 3 Touring. Тенкиот стакленик е поставен врз атлетски проширените лакови на тркалата и го нагласува динамичниот и широк став.
ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТ НА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
Модерна кабина.
Со намалените контроли, кабината изгледа чисто и модерно. Тенкиот BMW Curved Display без рамка како да лебди слободно над инструмент-таблата и, како дисплејна единица на допир, овозможува модерно и практично управување.
Централна конзола со нова рачка за избор на брзини.
Централната конзола нуди чувство на спортско и затворено седење. Овде е лоциран јасно структурираниот контролен центар со оперативната површина на iDrive Controller која функционира на допир. Модерниот избор на брзини се одвива автоматски, при што модерниот изглед во внатрешноста создава особено уреден впечаток.
Седишта од Sensatec.
Тапацирот од Sensatec што е лесен за одржување импресионира со висококвалитетната текстура слична на кожа. Перфорацијата комбинира спортски и елегантен изглед со несекојдневно пријатно чувство при седење, дури и при долги патувања.
ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ.
BMW Серија 3 Touring поставува стандарди и во однос на просторноста и удобноста:
- Функционалиот багажник има капацитет до 500 литри
- Ролетната и мрежата за преградување може да се складираат на лесно достапно место под подот на багажникот
- Иновативните шини против лизгање* на подот овозможуваат безбедно складирање на багажникот (*опционално достапни; не се достапни за plug-in hybrid моделите)
BMW 330e TOURING СО PLUG-IN HYBRID ТЕХНОЛОГИЈА.
Со BMW 330e Touring уживате во одржлива мобилност и инспиративна возна динамика:
- Моќни 215 kW (292 кс) излезна снага и 420 Nm вртежен момент
- Импресивно забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,9 секунди
- Неговата иновативна plug-in hybrid погонска технологија нуди целосна флексибилност и ефикасност во секоја возна ситуација
- Достапен и како BMW 330e xDrive Touring и BMW 320e Touring
Опсег.
Благодарение на најновата BMW eDrive технологија од 5. генерација, можете да возите на потполно електричен погон и без локални емисии во вашиот BMW 330e Touring до 61 километри.
BMW Charging.
BMW Charging ви нуди приспособени решенија за полнење на вашиот модел од BMW Серија 3 Touring со хибриден погон. Покрај стандардниот кабел за полнење (Режим 2), се доставува и кабел за полнење (Режим 3) за јавно полнење и BMW Charging Card за да ви овозможи атрактивни услови за јавно полнење.
АТРИБУТИ НА ВОЗНАТА ДИНАМИКА НА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
Со совршено координираната комбинација на погонска технологија и технологија на потпирање, BMW Серија 3 Touring нуди чисто задоволство при возењето во најдобрата можна форма:
- Моќни мотори со 90 до 275 kW (122 до 375 кс) за импресивно спортски искуства при возењето
- Моќни спринтерски перформанси со забрзување од 0 до 100 км/ч од 4,6 секунди
- M Sport потпирање за особено спортски и директни карактеристики при возењето
M TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор.
M TwinPower Turbo линискиот 6-цилиндричен бензински мотор ги комбинира моќноста и ефикасноста за комплетно искуство при возењето. Продорниот звук на моторот е вистинско уживање. Иновациите како двојниот VANOS, Valvetronic, технологијата на вбризгување со висока прецизност и турбополначот со две цевки извлекуваат што е можно повеќе енергија користејќи што е можно помалку гориво.
Управување, електрично потпомогнато.
Електричната серво поддршка за управувањето ги зголемува и удобноста при управувањето и безбедноста при возењето. Го олеснува маневрирањето и гарантира стабилност при високи брзини.
TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор.
TwinPower Turbo линискиот 4-цилиндричен бензински мотор нуди големо задоволство при возењето. Дури и при ниски брзини на моторот, ќе доживеете мошне директна испорака на моќност и спонтана реакција. Погонот комбинира ефикасна потрошувачка со ниска емисија на загадувачи и работи тивко и беспрекорно во секоја ситуација.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
BMW 330e и други мотори за BMW Серија 3 Touring.
Моќност на моторот во kW (кс): | 135 (184) |
Забрзување 0–100 км/ч во с: | 5,9 |
Потрошувачка на гориво комбинирано во л/100км: | 1,9–1,4 |
CO2 комбинирани емисии во г/км: | 42–31 |
Капацитет на багажник, во л.: | 410 |
ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
BMW заден носач за велосипеди Pro 2.0.
BMW задниот носач за велосипеди Pro. 2.0 е лесен, но издржлив со носивост до 60 kg. Неверојатно лесен за ракување, може да транспортира два велосипеда или е-велосипеда (може да се прошири за да се сместат три велосипеди). Неговата функција за навалување овозможува лесен пристап до багажникот во секое време.
BMW багажник за покрив 520 црна/титаниум сребрена боја
Модерниот багажник за покрив во црна боја со странични панели во титаниум сребрена боја има капацитет од 520 литри и е компатибилен со сите BMW системи за багажници за покрив. Поради тоа што може да се отвори од двете страни и има тројно централно заклучување на секоја страна, лесно може да се наполни и да се заклучи за да се заштити од кражба.
19" BMW light alloy wheel Double-spoke style 793 Bicolor.
Високо-квалитетните 19-инчни BMW тркала од лесна легура со двојни фелни стил 793 се диззајнирани Bicolor Night Gold со сјај. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците и run-flat пневматици, големина на тркало 8J x 19со големина на пневматик 225/40 R19 93Y XL RSC напред и 8.5J x 19 со големина на пневматик 255/35 R19 96Y XL RSC назад.
ЦЕНИ И УСЛУГИ ЗА BMW СЕРИЈА 3 TOURING.
BMW SERVICES.
BMW Услуги ви гарантира дека ќе останете потполно безгрижни додека возите:
- Со BMW Услуги уживате 100 % транспарентност благодарение на услугите како што се проверка на возилото, проверка на микрофилтерот или течноста за сопирачки по утврдена цена
- Помошта што ја пружа BMW Службата за дефекти и несреќи ви е достапна бесплатно во секое време 365 дена во годината
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.
BMW 330e sDrive Touring:
Потрошувачка на гориво во л/100 км(комбинирано): 1,9–1,4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 42–31
Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.
**На температури под 0 степени Целзиусови, потполно електричниот режим на возење на овој plug-in hybrid нема да биде достапен додека батеријата не се загрее до оперативна состојба откако возилото ќе помине неколку километри.
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.
BMW 330e sDrive Touring:
Потрошувачка на гориво во л/100 км(комбинирано): 1,9–1,4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 42–31
Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и се во согласност со Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсег. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, постојат официјални спецификации само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.
**На температури под 0 степени Целзиусови, потполно електричниот режим на возење на овој plug-in hybrid нема да биде достапен додека батеријата не се загрее до оперативна состојба откако возилото ќе помине неколку километри.