Новата BMW Серија 7 означува несекојдневна појава, максимални перформански и уникатен комфор. Неговата самодоверба е нагласена со импресивната предница со карактеристичната полукружна маска. На страните Air Breather го истакнува неговиот посебен карактер. Со продолжена опшивка и висококвалитетниет внатрешни лајсни, внатрешноста нуди особено луксузен амбиент.

BMW Серија 7 ги зголемува задоволството при возењето и безбедноста и преку дигитални и автоматизирани функции и асистенти. BMW Personal CoPilot комбинира повеќе системи за помош про возење што му помагаат на возачот во различни ситуации и целосно преземаат одредени задачи. Со BMW Live Cockpit Professional, со вклучен Оперативен систем 7.0, контролата станува полесна и поинтуитивна.

Покрај BMW TwinPower турбо 6-цилиндричниот или моќниот 8-цилиндричен бензински мотор, BMW Серија 7 Седан со BMW 745e/Le plug-in хибрид ги комбинира импресивните перформанси на BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндичен мотор и пионерската ефикасност на батеријата со висока волтажа од најновата генерација.

Новиот BMW M760Li xDrive Седан со моќниот BMW TwinPower турбо 12-цилиндричен бензински мотор ги обединува елеганцијата и спортскиот лик. Во комбинација со M Sport пакетот, како и ексклузивната M Performance опрема и бројните елементи на дизајн, го пренесува фокусот врз страста за динамика.

Дознајте повеќе