BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White страничен поглед паркиран
Опсегдо 590 km*
Тип на мотори и горивоЕлектрично

THE i4

BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White страничен поглед паркиран

BMW i4: ПРВИОТ ПОТПОЛНО ЕЛЕКТРИЧЕН GRAN COUPÉ.

Опсегдо 590 km*
Тип на мотори и горивоЕлектрично
  • THE i4BMW i4: ПРВИОТ ПОТПОЛНО ЕЛЕКТРИЧЕН GRAN COUPÉ.



    Првиот потполно електричен Gran Coupé,  BMW i4 пружа извонредна динамика со високо ниво на удобност и ги има идеалните квалитети за да ви биде секојдневен возач. Моделот со пет врати доаѓа опремен со BMW eDrive технологија од петтата генерација за спортски перформанси – до 400 kW/544 кс (BMW i4 M50). Со долг опсег до 590 km* (BMW i4 eDrive40) и пет пространи седишта со целосна големина, тој е совршениот придружник за секое патување.

    BMW i4 eDrive40(1):
    Потрошувачка на електрична енергија во kWh/100 km (комбинирано): 19,1–16,1
    CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

     

    BMW i4 M50(1):
    Потрошувачка на електрична енергија во kWh/100 km (комбинирано): 22,5–18
    CO2 e емисии во g/km (комбинирано): 0
    Вредностите за возилата означени со(1) се прелиминарни.

    Дознајте повеќе

    ОДБРАНИ КОНФИГУРАЦИИ ЗА BMW i4.

    BMW i4 eDrive40

    ESSENCE

    BMW i4 G26 G42 2021 Mineral White metallic three-quarter front view configuration essence BMW i4 eDrive40 basic equipment
    • BMW Laserlight
    • Parking Assistant
    • Comfort access system

    BMW i4 eDrive40

    BALANCE

    BMW i4 G26 G42 2021 Dravit Grey metallic three-quarter front view configuration Balance BMW i4 eDrive40
    • Model M Sport
    • Driving Assistant Professional
    • Parking Assistant Plus

    BMW i4 M50

    SIGNATURE

    BMW i4 G26 G42 2021 Frozen Portimao Blue metallic three-quarter front view configuration Signature BMW i4 M50
    • Harman Kardon surround sound system
    • M sport seats
    • Electric glass roof

    ДОЖИВЕЈТЕ ЕЛЕКТРИЗИРАЧКИ ПЕРФОРМАНС НА ВОЗЕЊЕ СО BMW i4 ВО ОВА ВИДЕО.

    Потполно електричниот BсMW i4 G26 2021 страничен преден дел одблизу

    BMW i4 eDRIVE40 ПРУЖА ОПСЕГ ДО 590 KM.*

    BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White тричетвртински поглед одзади во возење

    Благодарение на комбинацијата од ефикасен концепт за погонски склоп, лесна конструкција, аеродинамичен дизајн и моќна високоволтажна батерија, BMW i4 достигнува опсег до 590 километри* (BMW i4 eDrive40). Иновативните технологии како што се повратот на енергија од прикочување, помагаат да се прошири опсегот и да се намали потрошувачката на енергија од 20 дo 16 kWh/100 km.

    ОТКРИЈТЕ ГО ОПСЕГОТ НА BMW i4.

    Истражете го опсегот на BMW i4 за долги патувања! Со помош на опциите во подесувањата може да видите колку изненадувачки далеку можете да стигнете, ако земете предвид само неколку фактори.
    Select Model
      • Зошто има варијации во опсегот?
      • Детално
      • Општа спецификација на опсег и вредности на опсег во овој индикатор
      • Кои претпоставки се во основата на параметрите за стил на возење?

      ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ ЗА 100 KM ОПСЕГ.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 тричетвртински поглед однапред со графикон за време на полнење

      Полнење дома за опсег од 100 km.

      01:23 h – Wallbox (11 kW)

      01:23 h – Flexible Fast Charger (11kW) на индустриски штекер 

      07:01 h – Стандарден кабел за полнење или Flexible Fast Charger (2,3 kW) на домашен штекер 

      Контактирајте го продавачот за можности за полнење
      BMW i4 eDrive40 G26 2021 тричетвртински поглед одзади со графикон за време на полнење

      Полнење во движење за опсег од 100 km.

      00:04 h – Станица за полнење со висока моќност (макс. капацитет за полнење на возило)  

      00:18 h – Станица за брзо полнење (50kW) 

      01:23 h – AC станица за полнење (макс. капацитет за полнење на возило) 

      Пресметката ги зема превид потрошувачката и перформансите при полнење. Вредностите се однесуваат на стартување на батеријата и амбиентална температура од 29-33 степени Целзиусови, при што вредностите за сертифицирање ги исклучува дополнителните помошни потрошувачи како што се затоплување на седишта, дисплеите, климатизацијата. Индивидуалната потрошувачка може да варира (во зависност од, на пример, профилот на возење, температурата, амбиенталните услови), како и индивидуалните перформанси при полнење (во зависност од, на пример, состојбата на наполнетост на батеријата, климатизацијата на возилото). Потрошувачката е заснована на најдобриот случај според WLTP. Перформансите при полнење се засновани врз максималните можни перформанси при оплнење (во зависност од типот на полнење и возилото).

      Дознајте повеќе

      ПОЛНЕЊЕ НА BMW i4: ПОЛЕСНО ОД КОГА И ДА Е.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White страничен поглед пред куќен ѕид со BMW Wallbox станица за полнење

      Полнењето на BMW i4 не може да биде полесно. Можете да го полните вашиот BMW i4 кога и да ви треба - и да преминете од 10 до 80% наполнетост за само 31 минута, со моќност на полнење до 205 kW. Или пак полните до 164 km опсег за само 10 минути (до 140 km за 10 минути за i4 M50). Дома, ја имате удобноста да го користите вашиот BMW Wallbox. Со моќност до 11 kW, ја враќа батеријата на BMW i4 на 100% наполнетост за само 8,25 часа. Флексибилниот брз полнач BMW за домашна употреба, кабелот за полнење (режим 3) за јавно полнење се вклучени со купувањето.

      ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ПОЛНЕЊЕТО НА BMW i4

      Наполнете го вашиот BMW i4 во движење од 10% до 80% наполнетост за само 31 минута со до 205 kW моќност на полнење. Или, можете да наполните до 164 km моќност за само 10 минути. Дома, вашата BMW Wallbox ја полни батеријата на BMW i4 до 100% за само  8,25 часа. BMW Flexible Fast Charger за домашна употреба, кабел за полнење (Режим 3) за јавно полнење и BMW Charging Card за пристап до јавната мрежа за полнење се вклучени при купувањето.

      Дознајте повеќе
       Видео за полнењето на BMW i4 G26 2021

      АТРИБУТИ НА НАДВОРЕШНОСТА НА BMW i4.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White поглед однапред

      Дизајн на преден дел.

      Вертикално поставената бубрежна маска на BMW i4 се протеа од уникатната BMW i предна маска. Наместо да го лади воздухот, бубрежната маска, со нејзината впечатливо дезенирана структира, крие  најсовремена технологија на сензори што му дава на возилото податоци во реално време.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White страничен поглед

      Страничен поглед.

      Аеродинамично оптимизираната силуета на BMW i4 е продолжение на класичните пропорции на  BMW Coupé: долго меѓуоскино растојание со кратки препусти и мазниот покрив ги дефинираат неговите спортски, елегантни линии.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White поглед одзади

      Дизајн на заден дел

      Острите вертикални аеро-усни ја заокружуваат страната на BMW i4 додека експресивно дизајнираните елементи на дифузерот се појавуваат одоздола – акцентирани од рамка со сина лајсна, типична за BMW i.

      СО BMW i4, ЗВУКОТ СЕ АДАПТИРА НА ИСКУСТВОТО ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

      Опционалниот BMW IconicSounds Electric го диригира погонскиот звук на возилото во внатрешноста. Моќно динамичен со јасна снажна реакција во SPORT режим, преку балансирана акустика и умерена реакција во COMFORT режим, до висока акустична удобност без додаден звук во ECO PRO режим. 

      Дознајте повеќе
      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White тричетвртински поглед однапред во возење

      АТРИБУТИ НА ВНАТРЕШНОСТА НА BMW i4.

      Кабина BMW i4 G26 2021 поглед на внатрешноста

      Кабина ориентирана кон возачот.

      Елегантната и рамна инструмент табла го одредува тонот за модерниот изглед на внатрешноста на  BMW i4. Истата централна конзола овозможува спортско чувство и дефинира посебен простор за возачот и совозачот.

      BMW Curved Display BMW i4 G26 2021 Контролен дисплеј внатрешност

      BMW Curved Display.

      Новиот BMW Curved Display во BMW i4 ги спјоува 12,3-инчната инструмент табла со големиот 14,9-инчен контролен дисплеј во модерна дисплеј-целина што ергономично се заоблува кон возачот.

      Предни седишта BMW i4 G26 2021 внатрешност

      Просторност со 5 седишта.

      Како вистински петосед, BMW i4 нуди простор за максимум тројца патници во задниот дел. Широкиот простор за глава и за нозе гарантираат извонредна удобност при седењето за сите.

      ЗАДНА ВРАТА И ПРОСТОР ЗА БАГАЖ НА BMW i4 ВО ВИДЕО.

      Просторот за багажник со волумен од 470 литри на BMW i4 има завидна големина кога станува збор за купе. И може да се прошири до 1.290 литри со преклопување на задната клупа.

      Дознајте повеќе
      Простор за багажник и задна врата BMW i4 G26 2021

      ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ И BMW M PERFORMANCE ДЕЛОВИ ЗА BMW i4.

      BMW M Performance Parts ви овозможуваат да му дадете максимален тркачки карактер на вашиот BMW i4. Изберете од визуелно подобрените карактеристики на дизајнот за надворешноста, како и атрактивни ковани и лесни алуминиумски тркала. Со Оригиналните BMW додатоци, го приспособувате вашиот BMW на вашите лични желби: производите совршено одговараат на BMW i4 во полед на квалитет, дизајн и перформанси.
      M Performance бубрежна маска од јаглеродни влакна BMW i4 eDrive40 G26 2021

      M Performance бубрежна маска од јаглеродни влакна.

      Покажете го вашиот стил: рамката на M Performance бубрежната маска е изработена од првокласни јаглеродни влакна. За особено елегантен, спортски и индивидуален изглед.

      M Performance заден спојлер од јаглеродни влакна BMW i4 eDrive40 G26 2021

      M Performance заден спојлер од јаглеродни влакна.

      M Performance задниот спојлер од јаглеродни влакна го поотврдува премиум-квалитетот на автомобилот, динамичниот изглед и гарантира оптимизирана аеродинамика.

      M Performance заден дифузер од јаглеродни влакна BMW i4 eDrive40 G26 2021

      M Performance заден дифузер од јаглеродни влакна.

      M Performance задниот дифузер од јаглеродни влакна создава уште помодерен изглед – и го истакнува спортскиот изглед на возилото.

      20-инчни M Performance тркала од лесен алуминиум со двојни фелни 868 M BMW i4 eDrive40 G26 2021

      20" M Performance light alloy wheel Double-Spoke 868 M Bicolor (Night Gold, gloss milled), summer complete wheel set.

      Ексклузивни 20" M Performance тркала од лесна легура со двојни фелни 868 M во Bicolor Night Gold, висок сјај. Комплет летни тркала со монитор на притисокот во пневматиците.

      M Performance волан BMW i4 eDrive40 G26 2021

      M Performance волан.

      Цврсти факти: Воланот со простор за држење обложен во Alcantara кожа овозможува одлично чувство и стисок за поспортско чувство на управување.

      M Performance палка за избор на брзини во Alcantara BMW i4 eDrive40 G26 2021

      M Performance палка за избор на брзини во Alcantara.

      M Performance палката за избор на брзини во Alcantara овозможува особено добар стисок и ги подобрува изгледот и чувството на внатрешноста на возилото.

      18-инчни BMW тркала од лесна легура со двојни фелни 853 Gunmetal Grey сива боја BMW i4 eDrive40 G26 2021

      18-инчни BMW тркала од лесна легура со двојни фелни 853 Gunmetal Grey сива боја.

      18" BMW тркала од лесна легура со двојни фелни 853 Gunmetal Grey сива боја. Зимски комплет тркала со монитор за притисок на пневматици, компатибилни со синџири за снег, големина на тркало 8,5Ј х 18.

      BMW WaterBlade BMW i4 eDrive40 G26 2021

      BMW WaterBlade.

      BMW WaterBlade е бришач за ветробранско стакло со иновативна технологија на бришење – за значително поефикасни перформанси при чистењето.

      BMW покривен носач за велосипеди BMW i4 eDrive40 G26 2021

      BMW покривен носач за велосипеди.

      BMW покривниот носач за велосипеди е безбедно решение за транспорт на тркачки, туристички или детски велосипеди, како и за планински велосипеди до максимални 20 kg.

      BMW закачалка за облека за Travel & Comfort систем BMW i4 eDrive40 G26 2021

      BMW закачалка за облека за Travel & Comfort систем.

      Закачалката за облека може да се прицврсти за основниот носач или за опционалната опрема „Travel & Comfort“ и може да се користи и надвор од автомобилот.

      BMW Advanced Car Eye 2 BMW i4 eDrive40 G26 2021

      BMW Advanced Car Eye 2.

      Во случај на нарушувања, високосензитивната фул-HD камера автоматски ја снима ситуацијата пред и зад возилото.

      BMW подни облоги за сите временски услови, предни BMW i4 eDrive40 G26 2021

      BMW подни облоги за сите временски услови, предни.

      Совршено вградените BMW подни облоги за секакви временски услови го штитат предниот простор за нозе од влага и нечистотии. Во црна боја со украс од нерѓосувачки челик.

      ОТКРИЈТЕ ГИ BMW DIGITAL SERVICES СО BMW i4 ВО ОВА ВИДЕО.

      Проширената Apple CarPlay интеграција ви помага ефикасно да го искористите опсегот на BMW i4 и да го испланирате паметно вашето патување.

      Дознајте повеќе
      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Digital Services BMW ConnectedDrive

      BMW i4 Е ПРОИЗВЕДЕН СО 100% ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА.

      BMW i4 eDrive40 G26 2021 Mineral White three-quarter front view at the quay

      Производството на BMW i4 е секогаш одржливо и користи исклучиво зелена енергија. Покрај тоа, батеријата со високи перформанси на BMW i4 беше дизајнирана целосно да ги избегне металите од ретки земји. Најдоброто нешто, сепак, е што секогаш сте на пат со нула локални емисии кога го возите BMW i4, така што секогаш можете безгрижно да уживате во динамичното возење.

      ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW i4.

      BMW i4 eDrive40.

      Моќност на мотор во kW (кс):

      250 (340)

      Максимален вртежен момент во Nm:

      430

      Забрзување 0–100 km/h во s:

      5,7

      Електричен опсе во km (WLTP):

      до 590*

      Максимален капацитет на полнење: 

      10 минути полнење може да додаде до 164 km (станица за полнење со висока моќност)

      BMW i4 G26 2021 страничен поглед пред зграда

      BMW SERVICE INCLUSIVE ЗА BMW i4.

      BMW Service employee greets customer

      #whateverhappens. Сестрано безгрижно патување: овој пакет на yслуги ви нуди 100% транспарентност и практична едноставност на планирањето за избраниот рок на времетраење или километража.

      • Услуга за проверка на возилото согласно насоките од BMW
      • Замена на микрофилтер
      • Замена на течност за сопирачки
      Вработен во BMW Услуги му помага на купувачот

      ДАЛИ САКАТЕ ЛИЧЕН КОНСУЛТАНТ?

      Доколку имате било какви прашања, барате дополнителни информации или сакате специфична понуда за BMW i4BMW i4, ве молиме контактирајте го BMW партнерот во вашата земја. Нашите стручни лица со големо задоволство ќе ви дадат индивидуални совети преку телефон или на лице место.
      BMW i4 M50 G26 2021 BMW Individual Frozen Portimao Blue металик поглед однапред во возење

      THE i4 M50

      Спортски перформанс што електризира: за прв пат BMW i4 M50 ја спојува иновативната моќ на BMW M со моќта на BMW i.
      Including of /content/bmw/marketB4R1/master/en_BQ/publicPools/teaser-pool/medium-teasers/tyre-energy-lables/jcr:content/par-4col/wideteaser_67 failed

      Потрошувачка на енергија и CO2 емисии на BMW i4.

      • * Вредностите се прелиминарни; мерено според WLTP тест циклусот

        ** Понуда специфична за пазарот важечка за нови возила од BMW застапништвата и партнерите во Европа во BMW Charging Network.

        BMW i4 eDrive40(1):
        Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): 19,1–16,1
        CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0

        BMW i4 M50(1):
        Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирано): 22,5–18
        CO2 емисии во g/km (комбинирано): 0
        Вредностите за возилата означени со (1) се прелиминарни.

        Официјалните податоци за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а опсегот ги зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркала и пневматици што се достапни за избраниот модел.

        Податоците во поглед на СО2 ефикасноста се утврдуваат во согласност со Директивата 1999/94/ЕC и важечката верзија на европската регулатива. Прикажаните вредности се базираат врз потрошувачката на гориво, вредностите на CO2 и потрошувачката на енергија според NEDC циклусот за класификацијата.

        Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, СО2 емисии и потрошувачка на енергија кај нови патнички возила“, кој е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html