Човек потпрен на задниот дел од BMW X6 M50i.

BMW X6

Човек потпрен на задниот дел од BMW X6 M50i.

ДЕТАЛИ И ОПРЕМА НА BMW X6 M50i И M50d

BMW X6ДЕТАЛИ И ОПРЕМА НА BMW X6 M50i И M50d

Новите BMW X6 M50i и M50d се дојдени да возбудуваат. Опремени со моќните BMW TwinPower Turbo мотори како и адаптивна М суспензија, нудат уникатна возна динамика со исклучителни перформанси – и инспирираат за дел од секунда. Иновативните технологии, како BMW бубрежната решетка ‘Iconic Glow’ или BMW Laserlight во независен X дизајн, укажуваат на нивната екстравагантност и пионерскиот дух. Последната генерација на BMW системи за помош на возачот гарантираат врвно ниво на безбедност. Во внатрешноста, патниците се пречекани од дополнителни револуционерни карактеристики, како држачите за чаши со терморегулација или BMW оперативниот систем 7.0 со импресивен екран на допир од 12,3 инча.

Read more

ВОЗНА ДИНАМИКА И ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА М МОДЕЛИТЕ.

BMW X6 M50i И M50d.

Збогувајте се со просечното во рекордно време. Со револуционерни возни технологии, како екстремно моќните BMW TwinPower Turbo бензински и дизел мотори, заедно со екстремно прецизните елементи од возната динамика, како и адаптивната професионална М суспензија и погонот на четири тркала xDrive, новите BMW X6 M50i и M50d нудат агилност на врвно ниво.

Човек застанат покрај BMW X6 M50i во тричетвртински приказ одзади.
BMW X6 M50i Steptronic спортски менувач.

Steptronic спортски менувач.

Steptronic спортскиот менувач со 8 брзини и Launch Control нуди спортско менување на брзините, и автоматски и рачно преку рачката за избор на брзина и педалите за промена на брзината – со цел да се осигури удобно и динамично возење. Во SPORT режимот на работа со рачка за промена на брзината ставена во лева S/M позиција, промената на брзините е конфигурирана за максимален перформанс.
BMW X6 M50i внатрешност со фокус на кокпитот.

Адаптивна М суспензија.

Адаптивната М суспензија може електрично да се прилагоди во кое било време за да одговара на условите на патот и возењето. Истовремено можат да се прилагодат и карактеристиките на суспензијата преку Driving Experience Control за да се добие вашиот префериран стил на возење – од удобно до екстремно спортско со неверојатно агилно ракување.
Менувач со М значка.

Менувач со М значка.

Централната конзола е опремена со обоена М значка во делот пред менувачот, што ја нагласува спортката атмосфера во внатрешноста и посочува на квалитетит на возна динамика на возилото.
BMW X6 M50i заден дел со фокус на М спортскиот издувен систем.

М спортскиот издувен систем.

М спортскиот издувен систем* произведува звук што може да се приспособина уште поинтензивен звук на мотор со копчињата за возна динамика во SPORT и SPORT+ режимот на работа, додека пак режимите ориентирани на удобност ставаат приоритет на подискретен звук на моторот. * достапно само за BMW X6 M50i
BMW X6 M50i со интелигентен погон на четири тркала xDrive.

xDrive.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive ја распределува погонската сила без пречки и варијабилно на предните и задните тркала за максимална влечна сила, возна динамика и безбедност во секоја ситуација при возењето. За уште поголема агилност, електронски управуваната распределба на силата, на пример, ја врамнотежува преголемата или премалата брзина при свиоци.
BMW X6 M50i внатрешност со фокус на Driving Experience Control.

Driving Experience Control.

Driving Experience Control му ниди на возачот избор меѓу стандарден COMFORT режим, ECO PRO режим, ориентиран кон ефикасност, и SPORT режим, што овозможува уште подинамично возење. Новата интерактивна функција во Adaptive режимот постојано ја приспособува адаптивната суспензија, управувањето и Steptronic менувачот за да одговара на тековната ситуација при возењето.
BMW X6 M50i со BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор.

BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричен бензински мотор.

BMW TwinPower Turbo 8-цилиндричниот бензински мотор комбинира два турбополначи со Valvetronic целосно варијабилна контрола на вентили и директно вбризгување на гориво High-Precision Injection. Максималната испорачана сила изнесува 390 kW (530 КС) со максимален обртен момент од 750 Nm. Двата турбополначи се компактно сместени меѓу лежиштата на цилиндрите.
BMW X6 M50i внатрешност со фокус на леснометални фелни.

Леснометални фелни од 22 инча со двобојни краци во V стил од тип 747 М со мешани гуми.

Леснометални фелни од 22 инча со краци во V стил од тип 747 М во Cerium Grey матирана боја со мешани гуми, сјајни, предни 9.5J x 22 со 275/35 R22 гуми, задни 10.5J x 22 со 315/30 R22 гуми.
Поглед одблиску на задниот спојлер на BMW X6 M50i.

М заден карбонски спојлер.

М задниот карбонски спојлер го нагласува моќниот, спортски дизајн на возилото и видливо го намалува несаканото кревање на задната оска.
BMW X6 M50i, М карбонски лежишта на ретровизори.

М карбонски лежишта на ретровизори.

М карбонските лежишта на ретровизори го нагласуваат моќниот, спортски дизајн на возилото.
Поглед одблизу на внатрешноста на BMW X6 M50i со поглед на М кожниот управувач.

М кожен управувач.

М кожниот управувач со повеќенаменските копчиња, М ознаката и интегрираното воздушно перниче на страната на возачот е дизајниран со три краци. Со обрач на управувачот во “Walknappa” кожа во црна боја и црни шевови заедно со обликуваните наслони за палците нуди директно, спортско доживување при управувањето.
BMW X6 M50i технички податоци

BMW X6 M50i ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.

  • BMW X6 M50i:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана):10.7–10.4
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирана):243–237

    BMW X6 M50d:
    Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 7.2–6.9
    Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 190–181

    Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.

    Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.

    Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.