BMW X7 M50d M Автомобил G07 2019 Mineral White вози на автопат тричетвртински поглед одзади
Перформанси на моторДо 390 kW (530 кс)
Тип на мотори и горивоБензинДизелPlug-in ХибридЕлектрично

THE X7

BMW X7 M50d M Автомобил G07 2019 Mineral White вози на автопат тричетвртински поглед одзади

BMW X7 M АВТОМОБИЛИ

Перформанси на моторДо 390 kW (530 кс)
Тип на мотори и горивоБензинДизелPlug-in ХибридЕлектрично
THE X7BMW X7 M АВТОМОБИЛИ

 

Луксуз на секој терен:  BMW X7 M Автомобили ја комбинираат врвната елеганција со спортските теренски перформанси. Нивниот извонреден изглед со импресивни SAV гени и М специфични елементи на дизајн сведочи за несекојдневниот потенцијал на возната динамика на возилата. Ветување за перформанси што BMW X7 M50d и BMW X7 M50i можат да го испорачаат со леснотија благодарение на моќните M TwinPower Turbo мотори и M специфичните технологии за погонски склоп и потпирање.

 

BMW X7 M50i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12,8-12,3
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 292-280

Дознајте повеќе

BMW X7 M АВТОМОБИЛИ – АТРИБУТИ НА ПРОИЗВОДОТ.

Возна динамика и карактеристики на дизајнот на BMW X7 M50d и BMW X7 M50i.

Усовршено задоволство при возење: Возната динамика и дизајнот на BMW X7 M Автомобили поставуваат нови стандарди во нивната класа. Спортскиот карактер е нагласен од особено моќните тркачки компоненти како што се 8-степениот Steptronic Sport менувач и M Sport системот за издувни гасови – стандардни карактеристики што ги издвојуваат и BMW X7 M50d и BMW X7 M50i. Атлетската и луксузна појава е заокружена со ексклузивните M специфични карактеристики и акценти на дизајнот за надворешноста и внатрешноста.
BMW X7 M Автомобил G07 2019 Mineral White тричетвртински поглед однапред во мирување
BMW X7 M50d G07 2019 ознака на модел на задниот дел

BMW X7 M50d.

BMW X7 M50d нуди исклучителна прецизност и агилност. Динамичните карактеристики се зголемени, а силното задоволство при возењето е гарантирано благодарение на M50d специфичната калибрација на потпирањето, променливото спортско управување, стандардната M Sport сопирачка, M Sport диференцијал и M Sport системот за издувни гасови.

BMW X7 M50i G07 2019 ознака на моделот на задниот дел

BMW X7 M50i.

BMW X7 M50d нуди исклучителна прецизност и агилност. Динамичните карактеристики се зголемени, а силното задоволство при возењето е гарантирано благодарение на M50d специфичната калибрација на потпирањето, променливото спортско управување, стандардната M Sport сопирачка, M Sport диференцијал и M Sport системот за издувни гасови.

BMW X7 M Автомобил со M sport диференцијал G07 2019 заден дел одблизу

M sport диференцијал.

M sport диференцијалот го оптимизира прилепувањето и стабилноста во возењето при промена на ленти или при забрзување на излез од кривина, кога се влегува во кривина со висока брзина или на различни патни површини. Прилепувањето се оптимизира со помош на електронски управуван уред што ја намалува разликата во бројот на вртежи меѓу задните тркала.

BMW X7 M Автомобил со Steptronic Sport менувач G07 2019 кабина

Steptronic Sport менувач.

Осум-степениот Steptronic Sport менувач нуди неверојатна спортска промена на степените на пренос. Без разлика дали автоматски или рачно, користејќи ја палката за изборот на степен на пренос или преку лопатките на управувачот – за удобно крстарење или многу динамичен стил на возење. Во SPORT режим и со лопатката на управувачот во левата S/M позиција, промените на пренос се конфигурирани за најдобри перформанси.

BMW X7 M Автомобил со M Sport систем за издувни гасови G07 2019 заден дел одблизу

M Sport систем за издувни гасови.

M sport системот за издувни гасови испушта звук што може да се приспособи на уште поинтензицен звук на моторот со копчињата за возна динамика во SPORT и SPORT+ програмите, додека програмата ориентирана кон удобност претпочита подискретна акустика на моторот.

BMW X7 M Автомобил со M Sport сопирачка G07 2019 лесно алуминиумско тркало одблизу

M Sport сопирачка.

M Sport сопирачката има четириклипни фиксирани стеги напред и едноклипни подвижни стеги назад во сина боја со М ознака и вклучува поголеми дискови на сопирачката за да гарантира извонредни перформанси при сопирањето.

BMW X7 M Автомобил со M Aerodynamics пакет G07 2019 тричетвртински поглед отстрана

M Aerodynamics пакет.

M Aerodynamics пакетot го истакнува атлетицизмот на возилото и го модифицира протокот на воздухот. Ова вклучува предна маска со поголеми отвори за воздух, уникатни странични лајсни и задна маска со отвор за дифузер во Dark Shadow металик боја.

BMW X7 M Автомобил со Executive Drive Pro систем за контрола на потпирање G07 2019 тричетвртински поглед во возење одзади

Executive Drive Pro.

Executive Drive Pro системот за контрола на суспензија обезбедува исклучителна удобност при возењето како и извонредна возна динамика. Системот е заснован врз активни стабилизатори на тркалање што континуирано регулираат електромеханички за време на возењето и со тоа ги сведуваат настранувањата на каросеријата на минимум.

BMW X7 M Автомобил со M специфични лајсни на цевка за издувни гасови G07 2019 цевка за издувни гасови одблизу

M специфични лајсни на цевка за издувни гасови.

M специфичните лајсни на цевка за издувни гасови во Cerium Grey оставаат визуелен впечаток и го прават автомобилот уште поспортски.

BMW X7 M автомобил со M лесни алуминиумски тркала V-краци 755 M G07 2019 тркало одблизу

M лесни алуминиумски тркала.

22'' M лесни алуминиумски тркала со V-краци 755 M Bicolour Cerium Grey со мешани пневматици и runflat пневматици, сјајно брусени, предни 9.5J x 22 со 275/40 R22 пневматици, задни 10.5J x со 315/35 R22 пневматици.

BMW X7 M Автомобил со М кожен волан G07 2019 кабина

М кожен волан.

М кожниот волан што вклучува мултифункционални копчиња, M беџ и интегрирано воздушно перниче на страната на возачот доаѓа во дизајн со три краци. Со пораб на воланот во „Walknappa“ кожа во црна боја со црна опшивка и контурирани вдлабнатини за палците, овозможува директно, атлетско искуство при управувањето.

BMW X7 M Автомобил со M мултифункционални седишта G07 2019 приспособување на седиште одблизу

M мултифункционални седишта.

М мултифункционалните седишта за возачот и совозачот во ексклузивен дизајн и со М лого на потпирачот за глава го отсликуваат атлетскиот изглед на возилото. Пониските основи на седиштата и високите странични потпирачи го нагласуваат школка-изгледот на седиштето и гарантираат беспрекорна странична потпора. Проследени со сеопфатен опсег на можности за приспособување, се постигнува максимална удобност.

BMW X7 M Автомобил со Panorama стаклен покрив Sky Lounge G07 2019 внатрешност

Panorama стаклен покрив Sky Lounge.

Panorama стаклениот покрив Sky Lounge создава романтичен амбиент, особено во мракот, со светлосна графика составена од преку 15.000 светлечки елементи. Светлосниот дизајн може да се менува меѓу шесте бои на Ambient осветлувањето.

BMW X7 M Автомобил со BMW Individual продолжена кожна лајсна „Merino“ G07 2019 внатрешност

BMW Individual продолжена кожна лајсна „Merino“.

BMW Individual продолжена кожна лајсна „Merino“ VATQ Tartufo, боја на внатрешност Црна. 

BMW X7 M АВТОМОБИЛИ: ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ.

Дигитални услуги, системи за помош на возачот и карактеристики на удобност на BMW X7 M50i и M50d.

Исклучителната удобност на BMW X7 M50d и M50i почнува уште пред да влезете во него. Ова е благодарение на Digital Key со кој веќе нема да ви треба традиционален клуч за влегување во иднина. Иновативните технологии како системите за помош на возачот на BMW Personal CoPilot и другите напредни ConnectedDrive услуги ви помагаат да го направите секое патување најпријатно што може. Истовремено, пионерскиот систем за инфозабава со контрола преку гестови постојано е ажуриран благодарение на редовните ажурирања на софтвер на далечина.
BMW X7 M Автомобил со BMW Live Cockpit Professional G07 2019

BMW Live Cockpit Professional.

BMW Live Cockpit Professional со функција на навигација вклучува два висококвалитетни дисплеја составени од 12,3-инчен контролен дисплеј што може да се управува со допир и целосно дигитален 12,3-инчен инструментен дисплеј. BMW Operating System 7 може да се управува и преку iDrive Touch Controller .

BMW X7 M Автомобил со BMW Gesture Control G07 2019

BMW Gesture Control.

Со BMW Gesture Control, некои функции може да се управуваат преку определени движења со рака. За некои операции, системот, на пример, ќе препознае гестови како што се „лизгањето“ или „покажувањето“ за да се прифати или одбие дојдовен повик или кружни движења на показалецот за приспособување на јачината на звук.

BMW X7 M Автомобил со Driving Assistant Professional G07 2019 инструмент табла

Driving Assistant Professional.

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и безбедност во критични или монотони ситуации во сообраќајот. Освен содржината на Driving Assistant (асистент при возење), вклучен е и Steering and Lane Control Assistant (Асистент за управување и контрола на лента) со проширени функции, Lane change и Emergency Stop Assistant (Асистент промена на лента и запирање во итни случаи) и Lane Keeping Assistant (Асистент за одржување лента) со активна заштита од страничен удар. 

BMW X7 M Автомобил со Parking Assistant Plus G07 2019 Контролен дисплеј

Parking Assistant Plus.

Parking Assistant Plus го олеснува паркирањето и маневрирањето со возилото. Меѓу другото, вклучува Surround View систем со Top View, Panorama View, Remote 3D View, како и помош за странично паркирање, функцијата за итно сопирање Active Park Distance Control, Parking Assistant со должинско и странично насочување и Reversing Assistant.

BMW X7 M Автомобил со Experience Modes Upgrade G07 2019 кабина

Experience Modes.

Дали се потпирате на минимизирање или на продуктивност на патот? Со Experience Modes како што се Executive или Expressive Mode, можете да создадете искуство за вашите сетила што совршено одговара на вашето расположение, благодарение на совршено организираната целокупна појава во внатрешноста. Само кажете „Еј, BMW. Активирај го Executive Mode.“

BMW X7 M Автомобил со Welcome Light Carpet G07 2019

Welcome Light Carpet.

Welcome Light Carpet функцијата проектира светлосна графика пред вратите на возилото и создава привлечен амбиент за добредојде уште на влезот. Со тоа излегувањето од возилото во мрак е уште побезбедно и поудобно.

BMW X7 M Автомобил со Harman Kardon сараунд звучен систем G07 2019 звучник одблизу

Harman Kardon сараунд звучен систем.

Тонски извонредниот Harman Kardon сараунд звучен систем вклучува 464 W дигитален засилувач, девет канали и 16 звучници. Неговиот софистициран звук совршено го исполнува просторот на внатрешноста.

BMW X7 M Автомобил со Professional систем за разонода за задно седиште G07 2019

Professional систем за разонода за задно седиште.

BMW Professional систем за разонода за задни седишта опфаќа два засебни 10,2-инчни екрани во боја со висока резолуција со функција на допир што можат и да се накосуваат, како и Blu-ray функција. Вака се овозможува употреба на навигација и интернет во текот на возењето (доколку постои договор за мобилни услуги). Дополнително се вклучени и USB приклучок, како и приклучоци за MP3 плеери, конзоли за игра и слушалки (дури и безжични).

Држачи за чаши со терморегулација на BMW X7 M Автомобил G07 2019

Држачи за чаши со терморегулација.

Држачите за чаши со терморегулација во средишната конзола може поединечно да ги разладуваат или да ги одржуваат пијалаците топли. Контролата на температурата се активира преку копчиња на левата и десната страна. Амбиенталното светло исто така ја означува оваа функција (сино за ладење или црвено за греење).

BMW X7 M Автомобил со автоматски клима уред со 5 зони на контрола G07 2019

Автоматски клима уред со 5 зони на контрола.

Благодарение на автоматскиот клима уред со пет зони на контрола, температурата за возачот и совозачот, левата и десната страна на вториот ред седишта и за третиот ред седишта може да се приспособи индивидуално. На овој начин секој патник може да ужива во климата што е најпријатна за него или за неа.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА BMW X7 M АВТОМОБИЛИ.

BMW X7 M50i и BMW X7 M50d.

Моќност на моторот во kW (кс) на1/min:

390 (530)/5.500-6.000

Макс. вртежен момент во Nm на 1/min:

750/1.800-4.600

Забрзување 0–100 km/h во s:

4,7

Потрошувачка на гориво комбинирано во l/100 km:

12,8-12,3

BMW X7 M50i G07 2019 димензии на линиски цртеж

BMW SERVICE INCLUSIVE ЗА BMW X7 М АВТОМОБИЛИ.

Вработен во BMW Услуги го поздравува купувачот

#whateverhappens. Сестрано безгрижно патување: овој пакет на yслуги ви нуди 100% транспарентност и практична едноставност на планирањето за избраниот рок на времетраење и километража.

 

  • Услуга за проверка на возилото согласно насоките од BMW
  • Замена на микрофилтер
  • Замена на течност за сопирачки

Fuel consumption and CO2 emissions of the BMW X7 M Automobiles.

BMW X7 M50d:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 7.8-7.3
CO2 emissions in g/km (combined): 204-192

 

BMW X7 M50i:
Fuel consumption in l/100 km (combined): 11.7
CO2 emissions in g/km (combined): 268

 

The values of fuel consumptions, CO2 emissions and energy consumptions shown were determined according to the European Regulation (EC) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model.

 

The CO2 efficiency specifications are determined according to Directive 1999/94/EC and the European Regulation in its current version applicable. The values shown are based on the fuel consumption, CO2 values and energy consumptions according to the NEDC cycle for the classification.

 

For further information about the official fuel consumption and the specific CO2 emission of new passenger cars can be taken out of the “handbook of fuel consumption, the CO2 emission and power consumption of new passenger cars”, which is available at all selling points and at https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html

Дознајте повеќе

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии на BMW X7 M Автомобили.

  • BMW X7 M50i:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12,8-12,3
    CO2 емисии во г/км (комбинирано): 292-280

    Официјалните податоци за потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 се одредени со прописите за мерење и во согласност со регулативата (EU) 715/2007 која се применува при хомологација на возилото. WLTP бројките (според тестот за Светска хомологација на лесни возила) ја земаат предвид секоја дополнителна опрема. За ново одобрените возила од 01.01.2021, официјалните спецификации се достапни само согласно WLTP. Дополнителни информации за NEDC и WLTP методите на мерење можете да побарате на www.bmw.de/wltp.

    Повеќе информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични СО2 емисии за новите патнички возила може да се најдат во „Прирачникот за потрошувачка на гориво, СО2 емисии и потрошувачка на електрична енергија кај нови патнички возила“, кој е достапен бесплатно на сите продажни места, кај DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија и на https://www.dat.de/co2.