НАЈАВАЖНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО ВИДНОТО ПОЛЕ.

    Пионерски концепт на управување.

    Новиот концепт на управување на BMW X3 инспирира со исклучително корисничко водење. Јасната организација на контролите и исклучително краткото растојание помеѓу нив и управувачот го носат искуството на ново ниво. Со специфичните функции може да се управува преку интелигентната BMW гласовна контрола или BMW контролата со гестикулации и контролата на допир. Движењата како ,,повлекување” или ,,насочување” во подрачјето на препознавање над предната централна конзола е сè што е потребно за управување со телефонските повици или навигацискиот систем.
    Дознајте повеќе

    BMW Head-Up дисплеј.

    BMW Head-Up во боја ги прикажува сите информации релевантни за патувањето директно во видното поле на возачот со што се овозможува целосна концентрација на возењето. Се прикажуваат информации како тековната брзина, навигациските насоки, податоците за ограничување на брзината вклучувајќи го индикаторот за забрането претекнување, заедно со телефонските листи и листите за забава.
    Дознајте повеќе

    12-инчен контролен дисплеј.

    Мултифунционалниот дисплеј со инструменти со технологија на Black Panel и дијагонален екран од 00,00 инчи овозможува импресивна визуализација на искуството при возење. Три различни режими на работа и нивни специфични дисплеи – секој од нив има своја шема на бои и графички стил и може да се прикажат на екранот со инструменти: ECO PRO, COMFORT и SPORT.
    Дознајте повеќе

    Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

    • Вредностите за потрошувачката на гориво и за CO2 емисиите прикажани овде се определени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрување на типот. Вредностите се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег зема предвид различни димензии на избрани тркала и гуми.

      Спецификациите за CO2 ефикасноста се определуваат според Директивата 1999/94/EC и Pkw-EnVKV и се базирани врз потрошувачката на гориво и CO2 вредностите според NEDC циклусот за класификација.

      Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.