Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
НАЈНОВАТА BMW СЕРИЈА Z4.
BMW Z МОДЕЛИ ПРЕГЛЕД.
На крајот на 1980-те години, BMW повторно се фокусираше на roadster традицијата што се роди од моделите како легендарниот BMW 507: возила со две седишта и отворен покрив, максимално посветени на задоволството при возењето. Оттука, „Z“ би можело да го означува германскиот збор за иднина, „Zukunft“. И точно е дека сите модели на серија Z се карактеризираат со исклучително иновативни, визионерски спецификации на возилото.
КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА Z.
Откријте ги развојот, историјата и еволуцијата на неверојатниот, визионерски BMW Серија Z Roadster. Дизнајте како се создавени класиките како BMW Z1 и BMW Z8, како и возилата за поширока публика - BMW Z3 и BMW Z4.
КРАТКА ИСТОРИЈА НА BMW СЕРИЈА Z.
Откријте ги развојот, историјата и еволуцијата на неверојатниот, визионерски BMW Серија Z Roadster. Дизнајте како се создавени класиките како BMW Z1 и BMW Z8, како и возилата за поширока публика - BMW Z3 и BMW Z4.
BMW Z1.
(E30/Z)
Одејќи по стапките на легандарните roadster-и како што се BMW 328 и BMW 507, BMW лансира двосед на крајот на 1980-те години, кој ќе стане класика: BMW Z1. Дизајниран како концептен автомобил од страна на BMW Technik GmbH, пробниот период е толку успешен што возилото е развиено за производство.
Под водство на тогашниот главен дизајнтер Харм Лагај, BMW Z1 е roadster со пионерски дизајн. Неверојатно рамната радијаторска маска и спуштената хауба ги навестуваат екстремната динамика на свртување на возилото и прецизното возачко однесување.
Технички, автомобилот е заснован врз BMW серија 3 (E30), но таму завршува сличноста со возило за сериско производство. Тоа, меѓу другото, се должи на неверојатниот дизајн и фактот деја сите 8000 примероци од строго ограничениот roadster се произведени рачно. BMW Z1 е единственото возило чии прототипи биле и развиени и произведени од BMW Technik GmbH. Автомобилот вклучува и неколку технички иновации. Највпечатливите се вратите што се спуштаат во страничните лајсни и инспирираат чисто чувство на возење што може да го разбуди само BMW Z1.
Дизајнот на вратата е возможен само поради уникатната стабилност и торзионата крутост на челичниот монокок, кој е галванизиран како едно парче. Специјалната заштита од корозија не само што е погодна за шасијата туку и ја зајакнува за 25 проценти. Каросеријата се состои од стаклопластика и пластични делови. Поради директната поврзаност со патот, возното искуство во BMW Z1 потсетува на картинг. Неговиот погон е 2,5-литарски 6-цилиндричен мотор со 125 kW (170 кс), преземен од тогашниот BMW 325i. Лесниот roadster е речиси совршено балансиран, особено бидејќи моторот е сместен зад предната оска. BMW успешно додава уште една класика во roadster колекцијата.
Период на производство: 1989–1991
Мотор: 2,5 литри (125 kW, 170 кс), 6-цилиндричен
Должина/ширина/висина: 3,921 mm/1,690 mm/1,277 mm
BMW Z3.
(E36/7)
Инспириран од неверојатниот успех на BMW Z1, минхенскот автопроизводител го лансира BMW Z3, roadster насочен кон поширок опсег на купувачи. Комбинацијата од лесна конструкција, дизајн на двосед со орворен покрив и типичното управување на BMW се покажува како добитна комбинација што опстанува до денес во неговиот наследник, BMW Z4.
Со исклучок на неколкуте илјади примероци од ограничената серија на BMW Z1, компанијата со децении не претставила мал двосед со отворен покрив и сите белези на BMW. А тогаш, во 1995 година, на сцената и улиците низ светот се појавува BMW Z3; мал, но моќен со прецизно управување и контрола на патот. Овој успешен концепт продава околу 297.000 примероци за седум години.
Оригинално опремен со 1,8 литарски или 1,9 литарски 4-цилиндричен мотор, од 1996 година BMW Z3 е достапен и со 6-цилиндричен мотор и развива 142 kW (193 кс) со 2,8 литри зафатнина на моторот. Следната година го носи BMW M Roadster со 3,2-литарски 6-цилиндричен мотор, кој е употребен воBMW M3 (E36), со излезна сила од 236 kW (321 кс).
Во 1998 година, BMW тргнува по нов пат и го претставува BMW Z3 како shooting brake, форма слична на купе. Екстравагантната форма му дава необичен изглед на возилото. Достапен е само со 6-цилиндричен мотор.
Со надградбата на моделот во 1999 година додадени се хромирани прстени на предните светла на roadster-от и редизајниран, подинамичен заден дел, кој е малку поткренат на задниот дел на браникот. Задните светла со L-форма го прават да изгледа поширок. Новите мотори даваат уште повеќе сила, како што е 2,2-литарскиот 4-цилиндричен мотор со 125 kW (170 кс). 2,8 литарскиот 6-цилиндричен мотор е заменет со 3,0-литарски, 170 kW (231 кс) мотор. А од 2001 година, BMW M Roadster го користи моторот на неодамна лансираниот BMW M3 (E46): тој создава 239 kW (325 кс) и го претвора лесниот двосед во возило со недостижна динамика и забрзување.
Период на производство: 1995–2002
Мотори: 1,8–3,2 литри (85–239 kW, 115–325 кс), 4- & 6-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,025–4,050 mm/1,692–1,740 mm/1,266–1,306 mm
BMW Z4.
Директниот наследник на BMW Z3 е BMW Z4. Roadster-от значително пораснал, но и се подобрил во поглед на удобноста – без да загуби од динамиката и задоволството при возењето.
ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW Z4.
(E85, E86)
Наследникот на BMW Z3, создаден под покровителство на главниот дизајнер Крис Бенгл, го продолжиува концептот на кратки препусти, релативно долго меѓуоскино растојание, долга хауба, краток заден дел. Резултатот е спортско возило, експресивно-динамичен roadster со една цел: да создате задоволство во возењето со директен контакт со патот и поврзаност со возната средина, без да ги жртвува удобноста и најсовремените карактеристики. Затоа може да се направи избор од висококвалитетни материјали за внатрешноста. Мекиот покрив има заден прозорец од загреано стакло, што му дава истрајност и го прави погоден за секојдневна употреба.
Првично, BMW Z4 е достапен само со линиски 6-цилиндричем мотор. Произведува 125 kW (170 кс) со 2,2 литри зафатнина, 141 kW (192 кс) со 2,5 литри и 170 kW (231 кс) со зафатнина од 3,0 литри. Шасијата со Макферсонов систем за потпирање на предната оска во комбинација со системот за потпирање со повеќе поврзувања на задната оска резултираат со возни перформанси што го катапултираат roadster-от на врвот на неговата класа во поглед на динамиката и агилноста. Од 2005 година, достапен е нов почетен модел со 4-цилиндричен мотор кој обезбедува 110 kW (150 кс) со 2 литри зафатнина.
Период на производство: 2002–2008
Мотори: 2,0–3,2 liters (110–252 kW, 150–343 кс), 4- & 6-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,091–4,113 mm/1,781 mm/1,268–1,302 mm
ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW Z4.
(E89)
Заоблени линии, долга хауба, широк заден дел: и следната генерација на BMW Z4 знае да инспирира. И тоа не само затоа што ова возило е активно вклучено во мотоспортот и на купувачите им е достапна тркачка верзија на автомобилот.
Еволуцијата на BMW Z4 (E89) го заменува мекиот подвижен покрив со опционален тврд покрив и наместо тоа му дава на roadster-от алуминиумски покрив што се спушта. Кога е затворен, речиси не може да се забележи разлика во споредба со возило со обичен покрив. Оваа опција го заменува купето.
Првите возила од оваа генерација се придвижувани од 6-цилиндрични мотори, почнувајќи од sDrive23i со зафатнина од 2,5 литри и 150 kW (204 кс), до sDrive35i со 3,0-литарска зафарнина што развива 225 kW (306 кс) на горниот крај на опсегот. Достапен од 2010, sDrive35is исто така го користи овој мотор. По преработувањето, развива 250 kW (340 кс) што го прави најмоќниот мотор достапен до крајот на производството во 2016 година. Два 4-цилиндрични мотори со турбо полнење се достапни како дел од наградбата на моделот во 2011 година. Тие ги заменуваат малите 6-цилиндричен мотори. Во 2013 година се појавува еден малку помалку моќен, почетен мотор: 2,0-литарски 4-цилиндричен м отор со 115 kW (156 кс).
Безбедносната опрема далеку ги надминува нормите на тоа време. На пример, возилото е опремено со систем за помагање при сопирање и оптички дисплеј. Трепкањето на светлата за прикочување и светлата за предупредување на опасност што автоматски се активираат им сигнализираат на другите возачи на патот дека BMW Z4 силно прикочува.
Ваквите елементи се стандардни денес, но биле револуционерни во 2009 година. BMW Z4 вклучува и Контрола на возна динамика (Driving Dynamic Control) што дозволува приспособување на возните карактеристики на возилото. Овде спааат забрзувањето, реакцијата на моќното управување и менувањето брзини за моделите со автоматски преност.
Произведени се окочи 115.000 примероци од втората генерација на BMW Z4.
Период на производство: 2009–2016
Мотори: 2,0–3,0 литри (115–250 kW, 156–340 kc), 4- & 6-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,239 mm/1,790 mm/1,291 mm
ТРЕТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА BMW Z4.
(G29)
BMW Z4 (G29), третата генерација на roadster-от, ја води идејата за Z до крајност: неадаптиран, радикално прогресивен дизајн со најсовремена технологија.
Во темнината, веднаш се забележуваат LED предните светла, а задниот дел е осветлен од OLED диоци што емитуваат органска светлина. Спортската појава на BMW Z4 е видлива во сите светлосни услови. Од првиот поглед, прогресивното управување на возилото е нагласено со динамичните линии на предниот дел, по должината на долгата хауба, преку страничните профили сè до краткиот, широк заден дел. Air Breathers, употребени на страните покрај лаковите на предните тркала, исто така, гарантираат дека во лаковите на тркалата се формираат само мали воздушни турбуленции. Мекиот покрив на roadster-от се отвора и се затвора за неверојатни десет секунси – со брзини до 50 км/ч.
Благодарение на ниската позиционираност во однос на на патот, одличната распределба на тежината и цврстата шасија, BMW Z4 како да припааѓа на кривулестите селски патишта. Високата стабилност при свртување гарантира особено прецизно управување и многу задоволство при возењето. А 4- или 6-цилиндричните Twin Scroll турбо мотори ја создаваат моќта што е соодветна за возилото, од 2,0-литарски мотор со 145 kW (197 кс) до M мотор што му овозможува на BMW Z4 M40i Roadster 250 kW (340 кс) од 3,0-литарска зафатнина.
Во внатрешноста, ексклузивните материјали на BMW Individual може да се комбинираат со различни комбинации на бои за да се создаде апсолутно препознатлив изглед. Head-Up дисплеј, исто така, е достапен на барање. BMW Intelligent Personal Assistant исто така е достапен и може да извршува многу од функциите на BMW Z4 преку гласовните команди.
Период на производство: 2018–денес
Мотори: 2,0–3,0 литри (145–250 kW, 197–340 кс), 4- & 6-цилиндрични
Должина/ширина/висина: 4,321 mm/1,861 mm/1,304 mm
BMW Z8.
(E52)
Иако сите Z модели ја следат традицијата на легендарните roadster-и како BMW 507, кога станува збор за карактеристиките на дизајнот, BMW Z8 како наследник е поблиску до луксузните автомобили од 1950-те години. Ексклузивниот двосед има слично заоблени браници со многу долга хауба и краток заден дел. Истото важи и за беспрекорните перформанси на овој елегантен и експресивен автомобил.
Во 1997 година, BMW Z07 концептниот автомобил е изложен на Автомобилскиот саем во Токио и веќе ги вклучува суштинските елементи на BMW Z8. BMW Z8 е создаден под водство на дизајнерот Хенрик Фискер и пристигнува во салоните во 2000 година. Со заоблените браници и широката, рамна бубрежна рамка автомобилот ги отсликува стилските елементи на BMW 507, но ги воведува во новиот милениум.
BMW Z8 може да се пофали со напреден технички дизајн што вклчува самопотпорна алуминиумска еамка (таканаречена spaceframe), на која се вградени деловите на каросеријата. Ова значително ја намалува тежината на автомобилот и драматично ја подобруца динамиката на возење. Централно место зазема 5,0-литарскиот 8-цилиндричен мотор од BMW M5 (E39S) што развива 294 kW (400 кс) и обезбедува константно забрзување за моќното возило. Во тоа време, тоа е најмоќниот мотор од BMW.
BMW Z8 е опремен со целата опрема како стандардна. Ова вклучува hands-free телефон, систем за навигација, клима уред, внатрешност од кожа и цврст покрив од фиберстакло со загреан заден прозорец. А на контролната табла има и копче за стартување – сосема неверојатен детаљ пред 20 години. Од 2000 до 2003 година, произведени се 5703 возила од луксузниот, убав и моќен roadster. Секој од нив рачно.
Период на производство: 2000–2003
Мотор: 5,0 литри (294 kW, 400 кс), 8-цилиндричен
Должина/ширина/висина: 4,400 mm/1,830 mm/1,310 mm
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.
BMW Z4 Roadster:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 7,3–6,8
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 166–155Официјалните вредности за потрошувачка на гориво, CO2 емисии, потрошувачка на електрична енергија и електричен опсег се определени во согласност со пропишаната постапка на мерење и ја почитуваат Регулативата (EU) 715/2007 во нејзината изменета форма. WLTP вредностите ја земаат предвид секоја опционална опрема кога станува збор за опсегот. За возилата од нов тип одобрен по 01.01.2021 година, официјалните спецификации постојат само според WLTP. Дополнителни информации за методите на мерење според NEDC и WLTP може да се најдат на www.bmw.de/wltp.