THE BOSS.

Новиот BMW X5.

THE BOSS.Новиот BMW X5.

Шефот пристигна и ги става сите на свое место, новиот BMW X5. Неговото присуство е впечатливо – исправен, моќен и елегантен. Моќната едноделна полукружна двојна маска навестува што ќе се случи кога длабоко ќе вдише. А остриот X дизајн на предните светла не остава простор за сомневање кој ќе го преземе водството. Опремен со нови технологии за поголема безбедност и максимална динамика на возење, новиот BMW X5 знае каде оди. И како прв да стигне таму.


BMW X5 xDrive40i(3)(4):
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирано): 8,8–8,5
CO2 емисии во g/km (комбинирано): 200–193

Read more

5 КВАЛИТЕТИ НА ЛИДЕРСТВОТО

  • 01 Карактеристична X ласерска светлина со сини елементи
  • 02 Максимална динамика на возење благодарение на xOffroad пакетот со воздушно потпирање на 2 оски
  • 03 Типичен X дизајн толкуван со импресивна моќ
  • 04 Совршени врски благодарение на иновативната технологија на поврзување и помош за возачот
  • 05 Паметно управување на просторот за багаж⁽⁴⁾ за максимална удобност
Страничен поглед на BMW X5, и двата дела на вратата на багажникот се отворени
Простор за багаж на BMW X5

СОВРШЕНО УПРАВУВАЊЕ.

Багажникот на BMW X5 нуди нова генерација удобност. За практично товарање и растоварање, долниот и горниот дел на поделената врата на багажникот можат да се отвораат и затвораат сосема електрично. Во комбинација со Comfort Access, потребно е само кратко насочено движење на стапалото под задниот браник. Пакетот за багажник(4) гарантира ред и безбедност. Кога е отворена вратата на багажникот, електричната прекривка на багажникот се собира и исчезнува под додатокот на подот со притискање на едно копче, а лизгачките шини и шините против лизгање претставуваат поткрепа за багажот при движење.

Новиот BMW X5 ја содржи ДНК на семејството BMW X. Во својата четврта генерација, овој модел ја дава својата најмоќна изјава досега во однос на изгледот и модерноста. Тој дефинира нов јазик на X дизајнот на снажен, јасен и прецизен начин. Новата внатрешност нуди уште повеќе луксуз и интуитивен концепт на работење.
Adrian van Hooydonk, Одговорен за дизајн на BMW Group.
Кабина и концепт на работа на BMW X5

КОНТРОЛЕН ЦЕНТАР.

Иновативниот концепт на работа на BMW X5.

КОНТРОЛЕН ЦЕНТАР.

Иновативниот концепт на работа на BMW X5.

Иновативниот концепт на BMW оперативниот систем 7.0 овозможува уште полесна работа на функциите на возилото преку гестови, говор, екран на допир и iDrive контрола – сосема интуитивно. За оваа цел, функционалноста на контролорот е надградена. На пример, сите дигитални услуги како што се апликациите сега можат да се изберат директно.

Read more

СЕКОГАШ ДВА ЧЕКОРА ПОНАПРЕД.

Дигитални услуги и системи за помош при возење на BMW X5.

Совршено поврзан, авторитетно напред. BMW X5 ја има последната генерација BMW технологии на поврзување. Интелигентните дигитални услуги и системи за помош при возење создаваат непречена поврзаност со надворешниот свет и ви нудат максимална удобност и најголема можна безбедност благодарение на интуитивното работење.

Read more
BMW X5 Remote Software Upgrade

Секогаш во чекор.

Дали сакате вешиот BMW да биде во чекор со најновиот софтвер? Со Remote Software Upgrade, вашиот BMW секогаш ќе биде како нов. Пракично, сигурно и без стрес – без да мора да го посетите вашиот BMW сервисен партнер. Надградбите се инсталираат безжично, исто како и кај вашиот паметен телефон.

Read more
Driving Assistant Professional

Максимална безбедност и удобност.

Driving Assistant Professional нуди оптимална удобност и максимална безбедност во многу клучни и монотони ситуации на возење со асистентот за управување и контрола на лентата, асистентот за промена на лента, асистенот за итно застанување, предупредување за локална опасност, асистентот за одржување лента со активна заштита од страничен судир и други безбедносни функции.

Read more
BMW X5 Digital key

Удобност без клуч.

Зошто да го користите клучот ако го носите вашиот паметен телефон со вас? Дигиталнит клуч ви овозможува да го отклучувате и заклучувата вашиот BMW и дури и да го вклучите моторот без да ви биде потребен физички клуч. Може да го симнете на вашиот паметен телефон со апликацијата BMW Connected и да го споделте со семејството и пријателите.


Периодот на активност е една година.

Read more
BMW X5 Connected Navigation

Директно до вашата дестинација.

Се обидувате да најдете место за паркирање блиску до вашата дестинација? Ова е лесно со асистентот за места за паркирање. Тој ви предлага слободни места за паркирање во големи простории за паркирање или на улица, во зависност од вашиот избор, ја избира најдобрата рута за вас со најголема веројатност за слободно место. Исто така, можете да платите за паркинг без готовина со ParkNow.


Периодот на активност е три години.

Read more
Microsoft Office 365

Максимум продуктивност.

Работете во вашето возило исто како во канцеларија со Microsoft Office 365. Диктирајте е-пошта, учествувајте во деловни состаноци преку Skype, имајте пристап до вашите контакти и координирајте состаноци во вашиот календар – сè преку вашиот паметен телефон. Вашата постојна Microsoft Office 365 деловна сметка ви овозможува да бидете исто толку продуктивни на пат колку и зад бирото.

 

Read more
BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор на BMW X5

ПРИМЕР ЗА БАЛАНСОТ МЕЃУ РАБОТА И РАБОТА.

BMW TwinPower турбо линиски шестцилиндричен бензински мотор.

ПРИМЕР ЗА БАЛАНСОТ МЕЃУ РАБОТА И РАБОТА.

BMW TwinPower турбо линиски шестцилиндричен бензински мотор.

BMW X5 xDrive40i(4) го користи целосниот опсег. Заедно со супериорното прилепување на xDrive погонот на сите тркала, префинетиот BMW TwinPower турбо мотор дава резултат што ветува чисто задоволство во возењето на највисоко ниво. 6-цилиндричниот бензински мотор развива полни 250 kW (340 hp), при што горивото се вбризгува во цилиндрите со максимални 350 бари за уште поефикасно согорување. Притисок што BMW X5 самоуверено го претвора во врвен перформанс.

Read more
Кадар на BMW X5 M50d додека вози ноќе низ град

Новиот BMW X5 M50d.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Прикажаните вредности за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и опсегот што е прикажан ја зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни за избраниот модел.

    Вредностите на возилата означени со (3) веќе се темелат врз новиот WLTP пропис и повторно се претворени во NEDC еквивалентни вредности за да се обезбеди споредба на возилата. [Во однос на тие возила, за даноците поврзани со возилата или другите давачки базирани (меѓу другото) на CO2 емисиите, вредностите на CO2 може да се разликуваат од вредностите наведени овде].

    Спецификациите за ефикасност на СО2 се утврдуваат во согласност со Директивата 1999/94 / EC и со eвропската регулатива во нејзината важечка верзија. Прикажаните вредности се базираат врз потрошувачката на гориво, вредностите на CO2 и потрошувачката на енергија според NEDC циклусот за класификацијата.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичната емисија на CO2 на новите патнички автомобили може да се добијат од „Прирачникот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на енергија на нови патнички автомобили“, кој е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.

    (4) Предвидена достапност од Q4/2018.