ПОДГОТВЕН ЗА СЕ.

Новиот BMW X4.

ПОДГОТВЕН ЗА СЕ.

Новиот BMW X4.

ПОДГОТВЕН ЗА СЕ.Новиот BMW X4.

Без оглед какви предизвици може да лежат на вашиот пат, новиот BMW X4 со нетрпение ги очекува. Неговиот прогресивен дизајн и контурите слични на купе веднаш ја откриваат неговата жед за акција. И благодарение на првокласната динамика на возење, иновативната лесна конструкција со низок центар на тежиште, како и уште повисокото ниво на перформанси, само една работа стои меѓу вас и вашите дестинации: задоволство во возењето.

BMW X4 M40i(2)(3):
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 9.2–9.0
CO2 емисии во гр/км (комбинирани): 213–209

Read more

5 ТОП НАЈВАЖНИ РАБОТИ

  • 01 Атлетска надворешност со карактеристична форма на coupé
  • 02 Исклучителни перформанси благодарение на 353 КС и 500 Nm
  • 03 Спортска и елегантна внатрешност со Sensatec инструмент табла
  • 04 Има еден од најинтелигентните системи за помош при возење во опцијата Driving Assistant Plus
  • 05 Секогаш точен и идеално поврзан благодарение на иновативните дигитални услуги
Новиот BMW X4 ја комбинира робусноста на X возило со мускулестата снага на спортски автомобил.
Adrian van Hooydonk, Одговорен за дизајн на BMW групата.
Дизајнот на надворешноста го продолжува препознатливиот карактер на првата генерација со јасен, модерен дизајн на површината.
Marc Michael Markefka, Одговорен за дизајн за средна класа BMW автомобили

Тимски и сестран играч.

Driving Assistant Plus овозможува поголема удобност и сигурност во текот на монотоните или сложените ситуации на возење. Тие може да опфатат сообраќајни гужви, сообраќај тргни-застани или долги патувања низ градот, надвор од градот или по автопатиштата, заедно со управување низ крстосници и промена на ленти.
Read more

Поголема прегледност, помалку пречки.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации релевантни за патувањето директно во видното поле на возачот и со тоа му овозможува целосно да се посвети на возењето. Се прикажуваат информации како тековната брзина, навигациските насоки, информации за ограничување на брзината, вклучувајќи индикатори за забрането претекнување, заедно со листи со телефонски броеви и листи за забава.
Read more

Мултифункционален од 12.3 инчи.

Мултифункционалниот дислеј со инструменти воBlack Panelтехнологија и дијагонален екран од 12.3 инчи обезбедуваат импресивна визуелизација на доживувањето при возење. На системот со инструменти може да се прикажат три различни режими на работа и нивни специфични дисплеи: ECO PRO, COMFORT и SPORT, секој од нив има своја шема на бои и графички стил.
Read more

НЕ САКА САМО ДА СИ ИГРА.

BMW MPerformance

НЕ САКА САМО ДА СИ ИГРА.

X НАЧИНИ ЗА ДА ГИ ПОСТИГНЕТЕ ВАШИТЕ ЦЕЛИ.

Оригинални BMW додатоци.

Зошто да се избере една опција кога ги имате сите. BMW оригиналние додатоци ви ги нудат сите расположливи начини не само како да ги совладате предизвиците, туку уште повеќе да уживате во нив.

Read more

Спортска изјава.

Прецизно рачно изработени од карбонски влакна, впечатливите куќишта за ретровизор го нагласуваат високиот квалитет на системите на возилото. Нивниот динамичен дизајн обезбедува атрактивен изглед и додава индивидуален спортски детаљ.
Read more

Добри за сè. Не се плашат од ништо.

Предните и задните подни прекривки од велур за предниот и задниот поден дел совршено се вклопуваат, отпорни се на нечистотија и на вода. Тие одговараат на боите на подното обложување, а истовремено штитат, го олеснуваат чистењето и создаваат висококвалитетен изглед.
Read more

Ги држи очите отворени.

BMW Advanced Car Eye 2.0 е високо чувствителна full-HD камера која ги забележува настаните околу возилото, дури и ноќе. Во случај на пореметувања и неочекувани движења надвор од возилото, камерата автоматскија забележува ситуацијата за да се документираат можни незгоди или обиди за кражба.
Read more

Кован спортски дух во Bicolour дизајн.

Висококвалитетните 21-инчни BMWM Performance тркала од лесна легура со Y-краци во стилот 701 се ковани во Bicolor црна мат боја, сјајни од видливата страна, оптимизирани за тежина и имаат BMW M лого. Комплет на летни тркала со ранфлет (run-flat)мешани гуми, димензии на тркалото 8.5J x 21 со димензии на гумите 245/40 R21 100Y XL RSC за предната страна и 9.5J x 21 со димензии на гумите 275/35 R21 103Y XL RSC за задната страна.

Read more

Мат црна изјава за спортски дух.

20-инчните тркала од лесна легура со Y-краци во стилот 695 со премиум квалитет во црна мат боја се карактеризираат со краци распоредени во слоеви. TPMS комплетот летни тркала со ранфлет (run-flat)мешани гуми, предното тркало со димензии 8J x 20 со 245/45 R20 103W XL RSC гуми и димензии на задното тркало 9.5J x 20 со 275/40 R20 106W XL RSC гуми.

Read more

Впечатлив дизајн, уверлива функционалност.

Модерната покривна кутија во црна боја со титаниум сребрени странични плочи има капацитет од 420 литри и компатибилна е со сите BMW системи на покривни носачи. Поради тоа што може да се отвори од двете страни и има тројно централно заклучување на секоја страна, едноставна е за товарење и заклучување заради заштита од кражба.
Read more

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Прикажаните вредности за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и опсегот што е прикажан ја земапредвид опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни за избраниот модел.

    Вредностите на возилата означени со (2) се прелиминарни.

    Вредностите на возилата означени со (3) веќе се темелат врз новиот WLTP пропис и се преведени назад во NEDC еквивалентни вредности за да се обезбеди споредба на возилата. [Во однос на тие возила, за даноците поврзани со возилата или другите давачки базирани (меѓу другото) на CO2 емисиите, вредностите на CO2 може да се разликуваат од овде наведените вредности].

    Спецификациите за ефикасност на СО2 се утврдуваат во согласност со Директивата 1999/94 / EC и со Европската регулатива во својата важечка верзија. Прикажаните вредности се базираат врз потрошувачката на гориво, вредностите на CO2 и потрошувачката на енергија според циклусот NEDC за класификацијата.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичната емисија на CO2 на новите патнички автомобили може да се извадат од "Прирачникот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на енергија на нови патнички автомобили", кој е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.