ПЕРФОРМАНСИТЕ СЕ ВО ДЕТАЛИТЕ.

Новиот BMW X4 M40i.

BMW MPerformance

ПЕРФОРМАНСИТЕ СЕ ВО ДЕТАЛИТЕ.

Новиот BMW X4 M40i.

ПЕРФОРМАНСИТЕ СЕ ВО ДЕТАЛИТЕ.Новиот BMW X4 M40i.

Кога станува збор за максималните перформанси, честопати мали се деталите кои прават голема разлика. Новиот BMW X4 M40i тоа го демонстрира со перформансите и агилноста кои овозможуваат лесно да ги совладате дури и тешките ситуации при возењето. Првенствено одговорен за оваа гаранција е 353 КС(260 kW)/500Nm M Performance TwinPower турбо 6-цилиндричниот бензински мотор, иновативната лесна конструкција и адаптивното М потпирање.


BMW X4 M40i(2)(3):
Потрошувачка во л/100 км (комбинирана): 9.2–9.0
CO2 емисии во гр/км (комбинирани): 213–209

Read more

КОНКУРЕНЦИЈАТА ЈА ОСТАВА ЗАД СЕБЕ.

M Performance TwinPower Турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

КОНКУРЕНЦИЈАТА ЈА ОСТАВА ЗАД СЕБЕ.

M Performance TwinPower Турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор.

Трката за прво место никогаш не била така тешка за соперниците. Тоа е затоа што M Performance TwinPower Турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор е со 353 КС (260 kW) благодарение на twin-scroll турбо полначот, целосно варијабилната контрола на вентилите Valvetronic и високопрецизното директно вбризгување под висок притисок. Со тоа се обезбедува максимален вртежен момент од 500 Nm, забрзување од 0 до 100 км/час за 4.8 секунди и, пред сè поголема предност во однос на конкуренцијата.

Read more

ПЕРФЕКЦИОНИСТ ВО ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Карактеристики на динамиката на возење на BMW X4 M40i.

ПЕРФЕКЦИОНИСТ ВО ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Карактеристики на динамиката на возење на BMW X4 M40i.

Соочувањето со нови предизвици секогаш ја бара најдобрата можна подготовка. Затоа BMW X4 M40i се појавува во апсолутно најдобрата форма. Посебно прецизнотоM Sport потпирање и варијабилното спортско управување обезбедуваат исклучително прецизно ракување. M Sport сопирачките се стандард, BMW xDrive системот со погон на сите тркала и M Sport диференцијалот ги зголемуваат страничните и надолжните динамички карактеристики на возилото. Како да е создаден за поставување нови стандарди.

Read more
  • Адаптивно М потпирање

    Адаптивното М потпирање може во секој момент електронски да се приспособи за да одговара на патот и на условите на возење. Исто така, возачот може да ги приспособи карактеристиките на потпирање со помош на Контролата на искуство при возење(Driving Experience Control)за да се овозможи префериран стил на возење во дадениот момент, од удобно до екстремно спортско со изразено агилно управување.

  • Варијабилно спортско управување

    Варијабилното спортско управување со Servotronic создава директен и агилен одговор на управување и потребни се помали физички напори за да се сврти управувачот. Тоа реагира на аголот на управувачот со различни односи на управување. Со ова се подобрува ракувањето во текот на динамично возење и се намалува напорот потребен да се управува при паркирање и скршнување.

  • BMW xDrive вклучувајќи го M Sport диференцијалот

    Интелигентниот BMW xDriveсистем со погон на сите тркала непречено и варијабилно го пренесува погонот на предните и задните тркала за максимално прилепување на гумите, динамика при возење и безбедност во секоја ситуација на возење. За уште подобра агилност, на пример, електронски контролираната дистрибуција на снагата го изедначува наглото свртување и недоволното вртење во кривини. М Sport диференцијалот го олеснува прилепувањето и стабилноста на возење во текот на динамично возење или на различни површини на патот.

ВО НАЈДОБРА ТОП ФОРМА.

Посебните карактеристики на M Performance дизајнот ја нагласуваат ексклузивноста на BMW X4 M40iуште на прв поглед. Зголемените влезни отвори за воздух, маската и куќиштата за ретровизори во Cerium Grey боја сејасна изјава за спортските амбиции. 21-инчните тркала од лесна легура гарантираат моќен изглед, додека ексклузивните издувни цевки со слободна форма во Black Chrome зад себе оставаат траен впечаток. М ознаките на предната страна заедно со ознаката за моделот на задниот дел, исто така, во Cerium Grey, ја заокружуваат целосната спортска слика.

ОПУШТЕТЕ СЕ И ТРГНЕТЕ.

М Sport пакетот испорачан како стандард дава на BMW X4 M40i динамичност која продолжува низ целата внатрешност. Со М кожниот управувач и специфичните M Performance инструменти, преку лајсните до М потпирачите за нога, се обезбедува спортски дух до најситните детали.

Read more

Револуционерен во секој поглед.

М кожниот управувач, вклучувајќи ги мултифункционалните копчиња, М ознаката и интегрираното воздушното перниче за возачот содржат дизајн со три крака. Со кожниот раб на управувачот во ,Walknappa’ црна боја со црни шевови и обликувани места за палецот, тој обезбедува директно, спортско искуство на управување.
Read more

Извонреден според функција и дизајн.

Индивидуално приспособливите седишта за возачот и за патникот на предното седиште се карактеризираат со бројни опции на рачно приспособување, вклучувајќи ширина на потпирачот за грб, предна и задна позиција и агол на потпирачот за грб и на седиштето. Благодарение на повисоките седишта, подлогите на потпирачот за грб и добро дефинираните странични подлоги, тие обезбедуваат одлична ергономија и висок степен на латерална поддршка.
Read more

Спортски карактеристики со харизма.

Централната конзола е опремена со М ознака во боја наместо ознаката на серијата во предниот дел, со што се нагласува спортската атмосфера во внатрешноста и укажува на квалитетот на динамика при возење на возилото.
Read more

ЗАЕДНИЦА НА ПЕРФОРМАНСИ.

M Performance автомобили.

ЗАЕДНИЦА НА ПЕРФОРМАНСИ.

M Performance автомобили.

СЛИКИ И ВИДЕО ЗАПИСИ

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Прикажаните вредности за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се утврдени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрувањето на типот. Бројките се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и опсегот што е прикажан ја зема предвид опционалната опрема и различната големина на тркалата и гумите достапни за избраниот модел.

    Вредностите на возилата означени со (2) се прелиминарни.

    Вредностите на возилата означени со (3) веќе се темелат врз новиот WLTP пропис и се преведени назад во NEDC еквивалентни вредности за да се обезбеди споредба на возилата. [Во однос на тие возила, за даноците поврзани со возилата или другите давачки базирани (меѓу другото) на CO2 емисиите, вредностите на CO2 може да се разликуваат од овде наведените вредности].

    Спецификациите за ефикасност на СО2 се утврдуваат во согласност со Директивата 1999/94 / EC и со Европската регулатива во својата важечка верзија. Прикажаните вредности се базираат врз потрошувачката на гориво, вредностите на CO2 и потрошувачката на енергија според циклусот NEDC за класификацијата.

    Дополнителни информации за официјалната потрошувачка на гориво и специфичната емисија на CO2 на новите патнички автомобили може да се извадат од "Прирачникот за потрошувачка на гориво, емисии на CO2 и потрошувачка на енергија на нови патнички автомобили", кој е достапен на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.