ВО ИЗВОНРЕДНА ФОРМА.

Дизајнот на BMW серија 5 седан.

ВО ИЗВОНРЕДНА ФОРМА.

Дизајнот на BMW серија 5 седан.

Спортски и елегантен за секоја пригода: BMW серија 5 седан секогаш е пред конкуренцијата благодарение на неговиот спортски изглед. Сепак, успехот не е сосема случаен. Најпосле, успехот не е само во гените – туку израз на прецизно внимание кон деталите.

BMW 540i седан:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирана): 6.9–6.5
Емисија на CO2 во гр/км (комбинирана): 159–149

ВО ИЗВОНРЕДНА ФОРМА.Дизајнот на BMW серија 5 седан.

Спортски и елегантен за секоја пригода: BMW серија 5 седан секогаш е пред конкуренцијата благодарение на неговиот спортски изглед. Сепак, успехот не е сосема случаен. Најпосле, успехот не е само во гените – туку израз на прецизно внимание кон деталите.

BMW 540i седан:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирана): 6.9–6.5
Емисија на CO2 во гр/км (комбинирана): 159–149

НАДВОРЕШНОСТ.

Дури и кога стои мирен, BMW серија 5 дава моќен впечаток. Во седмата генерација на најспортската бизнис лимузина, предната полукружна решетка и предните светла за прв пат се директно поврзани. Ниската линија на покривот која се спушта кон крајниот дел и дава на мускулестата конструкција елегатна силуета во облик на купé.

1
2
3
4

BOWERS & WILKINS DIAMOND SURROUND SOUND СИСТЕМ.

The Bowers & Wilkins Diamond surround sound системот со два дијамантски високотонски звучници дава исклучителен звук со студиски квалитет за секое седиште во автомобилот. 16 внимателно поставени звучници обезбедувааат аудио искуство кое хипнотизира. Звучниците се осветлени и визуелно го нагласува извонредниот квалитет на звукот на системот.

СЕКОГАШ Е ВОЗМОЖНО И ПОВЕЌЕ.

СЕКОГАШ Е ВОЗМОЖНО И ПОВЕЌЕ.

Изберете дури и поголема динамика, поголема ексклузивност и поголема индивидуалност. Привлечните линии и опремата ви овозоможуват да си го обезбедите местото меѓу натпреварувачите во предните позиции.

СПОРТСКА ЛИНИЈА.

Благодарение на дизајнерските елементи што се со висок црн сјај и ексклузивните тркала, спортската линија обезбедува моќна доза на динамика. Деталите како осветлени букви „Sport Line“ и ексклузивно достапните спортски седишта додаваат дополнителна нота на живост на внатрешноста.

ЛУКСУЗНА ЛИНИЈА.

Луксузната линија ја збогатува BMW серија 5 со елеганција преку нејзините фино дизајнирани елементи во хром со висок сјај и исти такви тркала. Во внатрешноста, нагласените елементи како ексклузивниот Lines тапацир со контрастни шевови и ширити како и декоративните површини со квалитетно дрво во комбинација, со акцент на хром со бисерен сјај создаваат особено елегантна атмосфера. Инструмент таблата обложена со вештачка кожа додава дополнителен елемент на луксуз.

М СПОРТ ПАКЕТ.

Во М Sport пакетот, страста за динамичност е очигледна на прв поглед. Моќни отвори за воздух, на пример, и даваат на преднaта маска атрактивен изглед. Ексклузивните алуминиумски ромбични декорации на внатрешноста и BMW индивидуална покривна лајсна во антрацит додаваат дополнителна спортска нота на внатрешноста.

BMW ИНДИВИДУАЛНА КОЛЕКЦИЈА.

BMW индивидуалната колекција нуди широк спектар на опции за опрема за деликатните клиенти: декорации од скапо дрво со совршена структура, одбрани од целиот свет. Беспрекорна и атрактивно мека кожа од најдобрите кожари во светот. Завршни слоеви на боја кои фасцинираат со својата атрактивност, сјај и ефективност. Се нуди во повеќе нијанси кои го дефинираат духот на времето наместо да го следат. Сите овие елементи во комбинација го прават вашето BMW дел од вашата личност.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Подгответе се за сите дисциплини на вашата агенда. Со оригиналните BMW додатоци, можете да го опремиот вашиот BMW серија 5 седанот совршено да ги задоволува вашите потреби. Откријте го светот на оригиналните BMW додатоци.

  • Транспорт

    Модерниот покривен багажник со титаниум сребрени странични панели има капацитет од 520 литри и е компатибилен со BMW системите за покривни носачи. Благодарение на двостраниот систем за отворање со уред за тројно централно заклучување од двете страни, лесно може да се товари и безбедно да се заштити од кражба.

    Нелизгачка, водоотпорна и трајна, вградената патосница со граничник овозможува заштита на багажниот простор. Со совршената приспособеност и црната боја, таа идеално се вклопува во основната BMW опрема и исто така, ја добива оценката „5“ како висококвалитетен додаток од не’рѓосувачки челик заедно со јамката за негово отстранување.

  • Додатоци за надворешноста и внатрешноста на возилото

    BMW 19 или 20 инчните тркала од лесни легури не само што совршено се вклопуваат со оптичкиот дизајн на возилото, но исто така ги исполнуваат врвните стандарди за квалитет. Тие се развиени специјално за користење со ран-флет гуми и имаат испакнатини кои спречуваат издишаните гуми да излезат од рамките при вртење.

    Ефикасното помошно загревање создава пријатна внатрешна температура без замрзнување или замаглување на ветробранското стакло. Тоа може да се програмира со iDrive или директно. Во зависност од опремата, тоа може да се активира дополнително со BMW клуч со дисплеј кој е достапен посебно и со iPhone апликација.

  • Информации и комуникација

    Практичниот универзален држач е прилагодлив и се поставува на место во одделно достапни носачи на Travel & Comfort системот. Тој нуди сигурна поддршка за голем број Apple или Samsung таблети со Travel & Comfort таблет безбедносна кутија од 7 до 11 инчи и благодарение на рамката што ротира 360° со можност за регулирање на аголот на стоење, тој може да се прицврсти во саканата позиција во секое време.

Потрошувачка на гориво и емисија на СО2.

  • Бројките за потрошувачка на гориво, емисија на CO2 и потрошувачка на енергија зависат од избраната големина на тркалата и гумите. Податоците за потрошувачка се утврдуваат согласно со ECE циклус на возење.

    Обемот на возење зависи од разни фактори, особено: личниот стил на возење, избраната маршрута, временските услови, користење на системот за климатизација и предусловите.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Новите упатства за потрошувачка на гориво и емисија на CO2 кај патничките возила“ , кои се бесплатни и достапни во сите продажни места и во DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.