АДРЕНАЛИН ЗА ПАТОТ.

BMW M550i xDrive.

BMW M Performance

Возбудливо: со M Performance моделот на BMW Серија 5 Sedan, Вие ги поместувате границите до незамисливи височини. Чист адреналин.

BMW M550i xDrive Sedan:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 9.2 – 8.9*
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 209-204

* Овие вредности се провизорни бројки и сè уште не се потврдени.

Дознајте повеќе
АДРЕНАЛИН ЗА ПАТОТ.BMW M550i xDrive.

    СПОРТСКИ ПАКЕТ НА ЕНЕРГИЈА.

    Притаена под хаубата на BMW M550i xDrive е чиста енергија: M Performance TwinPower Turbo осум-цилиндри бензински мотор е водечки играч во сите погонски дисциплини. И Вие може да го слушнете тоа поради неговиот моќен звук кој сведочи за совршено спортските гени, благодарение на M Sport системот за издувни гасови.

    Дознајте повеќе

    СПОРТСКИ ПАКЕТ НА ЕНЕРГИЈА.

    ВОЗБУДА НАСЕКАДЕ.

    Адаптивното М потпирање спуштено за 10 милиметри и посебно приспособенo за BMW M550i xDrive, оптимизираното управување, М спорт сопирачката подесена за максимално намалување на брзината. И, доколку сè уште копнеете по возбуда, создадено е опционалното Адаптивно М потпирање Professional за уште поголема динамика при возењето. Кога станува збор за авантура при возењето, BMW M550i xDrive ги поставува правилата. Впрочем, тој е водечкиот играч кој ја диктира играта.

    Дознајте повеќе

    ВОЗБУДА НАСЕКАДЕ.

    ПУЛСНО ЗАБРЗУВАЊЕ.

    Глетка што ќе го ослободи адреналинот: покрај М аеродинамичниот пакет, другите истакнати карактеристики на BMW 550i xDrive опфаќаат зголемени влезните отвори за воздух и посебни делови на дизајнот во Cerium сива боја. Овој ексклузивен белег, исто така, се карактеризира со посебна рамка на маската за ладилникот во полукружна форма, аеродинамични ретровизори и ознаката за моделот. Заокружување на овој самоуверен изглед е дизајнот на двете тркала од 19-инчи и 20-инчи, карактеристични за M Performance.

    * Достапно од вториот квартал на 2017 година.

    ЦЕЛОСНО СПОРТСКИ МОДЕЛ.

    Завршната обработка на прагот од вратата со ознака на моделот, карактеристичните инструмент панели со ознака за дигитален модел, М кожниот управувач и други детали од М спортскиот пакет: дури и во внатрешноста на BMW M550i xDrive се единствен израз на спортска совршеност.

    ПОГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

    M Performance автомобилите импресионираат со нивната моќна излезна снага на моторот. Испорачуваат максимална динамика при возењето без жртвување на удобноста. Сепак, и покрај целиот спортски дух, тие демонстрираат стил со прогресивен дизајн. BMW M Performance. Поголемо задоволство при возењето.

    Дознајте повеќе

    ПОГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

    Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

    • Disclaimer reference invalid