ВООДУШЕВУВАЧКИ НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН.

BMW 530e plug-in хибрид

BMW iPerformance

Размислувајте креативно. Движете се со времето. Две основни идеи за одржливи концепти. BMW 530e iPerformance совршено ги имплементира двата пристапа и е напред од своето време. Тој се потпира на задоволството при возење кое воодушевува и, благодарение на plug-in хибридниот погон, гледа напред кон светла иднина.

BMW 530e iPerformance:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирана): 2.0*
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 46*
Потрошувачка на енергија во kWh/100 km (комбинирана): 12.7*

* Овие вредности се провизорни бројки и сè уште не се потврдени.

Дознајте повеќе
ВООДУШЕВУВАЧКИ НЕКОНВЕНЦИОНАЛЕН.BMW 530e plug-in хибрид

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛО.

BMW 530e iPerformance ги комбинира електричниот мотор и 4-цилиндричниот TwinPower Turbo бензинскиот мотор за да создаде висока ефикасност на BMW eDrive plug-in хибридниот погон. Со ова се овозможува чисто електрично, локално возење на кратки релации, без емисии, со динамични перформанси на возење, а во комбинација со бензинскиот мотор со 4 цилиндри има капацитет за возење на долги релации.

Дознајте повеќе

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛО.

ПОГОНСКИ СИСТЕМ.

Компонентите на јадрото на погонот го сочинуваат 135 kW (184 hp) бензински мотор со 4-цилиндри и BMW TwinPower Turbo технологија, 70 kW (95 hp) електричен мотор и високоволтажен литиум-јонски акумулатор со капацитет од 9.2 kWh. Кога работи само на електрична енергија, возилото има капацитет за околу 45 km и електрична најголема брзина од 140 km/h.

* Овие вредности се провизорни бројки и сè уште не се потврдени.

Дознајте повеќе

ПОГОНСКИ СИСТЕМ.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија го оптимизира факторот на ефикасноста на енергијата на хибридниот погон со предвидено избирање соодветен погон. На пример, достапните навигациски податоци се користат за однапред да ги идентификуваат деловите на патот и ситуациите на возење што се најсоодветни за електричниот мотор или за полнење на високоволтажниот акумулатор.

Дознајте повеќе

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW 530e iPerformance има различни режими на возење со коишто возачот може да има големо влијание врз реалната потрошувачка на гориво. Резултатот во практика зависи најпрво од изборот на режимите на возење и второ од личниот начин на возење.

Дознајте повеќе

ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

ДИЗАЈН.

BMW 530e iPerformance остава многу самоуверен надворешен впечаток во јасно забележлива деловна надворешност: ребрата на заштитната полукружна маска на ладилникот со типична BMW I сина боја. Сини капаци на главините на тркалата, BMW i логото на предниот страничен ѕид. eDrive логото на Hofmeister заобленостa и на завршната обработка на праговите од вратите.

ПОВРЗАНОСТ.

Апликацијата My BMW Remote за plug-in хибридите за iOS и Android прикажува детални информации на тековниот статус на BMW 530e iPerformance, како што се нивото на полнење на акумулаторот и останатиот капацитет. Далечинскиот управувач може да се користи за да се распоредат постапките на полнење со неделниот тајмер.

ЛЕСНО ПОЛНЕЊЕ.

Возилото може да се полни од домашните електрични приклучоци со вклучен кабел за полнење или на пат, од јавните станици за полнење со кабел достапен со BMW дополнителната опрема. Навигацискиот систем и BMW Remote App даваат информации за локацијата и достапноста на соодветните станици. Плаќањето може да се направи преку, на пример, BMW ChargeNow картичката.

Дознајте повеќе

ЛЕСНО ПОЛНЕЊЕ.

Потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија и CO2 емисии.

  • Бројките за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од тркалата и од изборот на димензиите на гумите. Податоците за потрошувачката е определена во согласност со ECE циклусот на возење.

    Опсегот на возење зависи од различни фактори, особено: личниот начин на возење, избраниот пат, временските услови, користење на загревањето/ладењето и претходната подготовка.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Новите упатствата за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите кај патничките возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.