ХЕРОЈСКА ДИНАМИКА.

Динамика на возење и ефикасност на BMW серија 5 седан.

ХЕРОЈСКА ДИНАМИКА.

Динамика на возење и ефикасност на BMW серија 5 седан.

ХЕРОЈСКА ДИНАМИКА.Динамика на возење и ефикасност на BMW серија 5 седан.

Што се однесува до динамиката, BMW серија 5 ги поместува границите. Моќните мотори впечатливо ја пренесуваат својата спортска надворешност на патот. Сепак, покрај моќноста, BMW серија 5 не е во можност да ви понуди само моќност, туку и ум. Ова е поради напредните технологии на иднината кои му овозможуваат да ја експлоатира динамиката додека не се добие вистински херој.

BMW 540i седан:
Потрошувачка на гориво во л/100км (комбинирана): 6.9–6.5
Емисија на CO2 во гр/км (комбинирана): 159–149

КОНТРОЛА НА НАЧИНОТ НА ВОЗЕЊЕ СО АДАПТИВЕН РЕЖИМ НА РАБОТА.

Контролата на начинот на возење му овозможува на возачот избор помеѓу стандарден COMFORT режим на работа, ECO PRO режим на работа, опремен за ефикасност и SPORT режимот на работа што овозможува уште подобро динамичко возење. Новата интерактивна функција ADAPTIVE Mode континуирано ја приспособува Контролата на динамичкиот амортизер, управувањето и Steptotronic преносот за да соодветствува на моменталната ситуација на возење.

УСОВРШЕН ЗА ДА БИДЕ ПОДОБАР.

УСОВРШЕН ЗА ДА БИДЕ ПОДОБАР.

BMW Серија 5 не се задоволува со просечност. Поради тоа, логично е дека тој треба да биде апсолутен шампион во својата класа во однос на забрзувањето и CO2 емисиите. И, исто така, заради тоа што интелигентната функција на автоматско стартување/стопирање што е вклучена за прв пат. Таа го исклучува моторот само кога се очекува дека запирањето ќе трае определен период на време.

BMW 520D EFFICIENTDYNAMICS ИЗДАНИЕ.

BMW 520d EfficientDynamics изданието со BMW TwinPower Turbo 2.0 литри 4-цилиндричен дизел моторот импресивно испорачува максимална економичност на горивото и одлични перформанси при возењето. Со снага од 140kW (190 hp) и забрзување до 100 km/h за 7.5 секунди.*

* Овие вредности се привремени и сè уште не се потврдени.  Бројките за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите сè  уште не се достапни.

ЗАШТЕДА НА ТЕЖИНА. ДОБИВКА ВО ДИНАМИКА.

ЗАШТЕДА НА ТЕЖИНА. ДОБИВКА ВО ДИНАМИКА.

Благодарение на полесните материјали како што се алуминиумот и ултра модерните алуминиумски легури, BMW Серија 5 од седмата генерација тежи до 100 килограми помалку од неговиот претходник. Интелигентната лесна конструкција, исто така, обезбедува балансирана дистрибуција на тежината помеѓу предната и задната оска, како и пониско тежиште. Резултатот е високо-динамични карактеристики на возење.

ВОДЕЊЕ НА ВОЗДУХОТ. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АГИЛНОСТА.

ВОДЕЊЕ НА ВОЗДУХОТ. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АГИЛНОСТА.

Во BMW Серија 5, BMW EfficientDynamics пакетот на технологии може да се види на иконата за карактеристичен дизајн: заштитна маска на ладилникот во полукружна форма. Кога потребата за ладење на воздух е мала, вентилот за воздух во Active Air Stream заштитната полукружна маска на ладилникот останува затворен, доведувајќи до идеални cd вредности до 0.22, што се единствени во оваа класа.

BMW ЕФИКАСНА ДИНАМИКА.

BMW ЕФИКАСНА ДИНАМИКА.

Помала потрошувачка на гориво, поголемо задоволство при возењето: BMW EfficientDynamics е името на стратегијата која ја минимизира потрошувачката на гориво и CO2 емисиите, додека пак, истовремено ја зголемува динамиката и задоволството при возење. Пакетот функции ги опфаќа погонскиот систем, управувањето со енергијата и концептот на возилото.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • Бројките за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и за потрошувачката на енергија зависат од тркалата и од изборот на димензиите на гумите. Податоците за потрошувачката е определена во согласност со ECE циклусот на возење.

    Опсегот на возење зависи од различни фактори, особено: личниот начин на возење, избраниот пат, временските услови, користење на загревањето/ладењето и претходната подготовка.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во „Новите упатства за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите кај патничките возила” што се достапни бесплатно во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.